Под влијание на влажен воздушен бран денеска (27.12.2016) особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од дожд на ниските места додека на планините ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка.
Во текот на денот од североисток ќе започне да се спушта МНОГУ СТУДЕНА возушна маса со што ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика опаѓање на температурите па така доцна попладне и во вечерните часови услови за слаби врнежи од снег ќе има и на пониските места.
Температурата утре ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени меѓутоа од попладневните часови ќе започне да опаѓа.
Слаби локални врнежи од снег ќе има и во среда како и во четврток кога ќе дува и СИЛЕН ветер од северен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час а на повисоките места и на планините ќе достигнува дури и до 100 км/час.
Од среда ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со многу ниски температури на воздухот (ПОЛАРНИ).
Во среда максималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 5 степени додека во четврток и петок ќе биде уште постудено со максимални температури кои ќе се движат во интервал од -7 до 2 степени.
Што се однесува до минималните температури тие ќе имаат ДЛАБОК минус и на многу места ќе се спуштат под -10 степени а понекаде истите ќе се спуштат до околу па дури и под -15 степени.
На високите планини температурите се очекува да паднат под -20 степени.
Деталната анализа на времето ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!
Публицитет.мк