Неодамна , на 8.мај , се навршија точно 50 години од објавувањето на последниот албум „Нека биде“ на една од најпопуларните групи во историјата на рок музиката „ Битлси“.
За многумина ова е датумот на распаѓањето на „ Битлси“ иако тоа службено се случи на 29. декември. 1974 година кога тоа е озваничено со судска одлука по тужбата поднесена од страна на Пол Мекартни на 31. декември.1970 година.
Оваа годишнина е повод да се потсетиме на еден нивен голем хит од 1965 година –
„ Помош!“ кој беше направен наменски за истоимениот филм , инаку вториот филм во кој настапуваат членовите на групата.Насловната песна од филмот во истата година беше објавен како дел од саундтракот од филмот но и како сингл објавен во јули истата година. Синглот стана број еден на топ листите во САД и Велика Британија и таму се задржа три недели.
Песната е дело на Џон Ленон и мала помош на Пол Мекартни .Во едно интервју за списанието „ Плејбој“ од 1980 година Џон Ленон ја раскажал приказната за создавањето на оваа песна.Песната требало да биде напишана во мошне кусо време откако на филмот кој го реализирале му го смениле името а од групата било побарано да ја напишат и испеат насловната песна за филмот . Ленон во тој период бил под голем стрес и депресија .
Во едно друго интервју објавено во 1970 година во списанието „ Ролинг Стоун“, Ленон рекол дека „ Помош“ е една од неговите омилени песни кои тој ги напишал за групата „Битлси“.Според неговите зборови се работи за една од најискрените и најоригинални песни на „Битлси“иако важи како песна напишана по нарачка.За ова говори и неговиот братучед Ленон Стенли Паркес :„Помош“ беше напишана откако Ленон влезе во студиото за една ноќ .Тие го сменија насловот на филмот кој сега ќе се вика „ Помош“ и затоа мораше да напише нова песна со наслов „ Помош“.
Веднаш потоа бил повикан Пол Мекартни да го напише аранжманот за песната. Тоа се случило на 4.април.1965 година во куќата на Ленон во Вејбриџ.Инструменталниот дел од песната бил снимен на 12 и 13 април а вокалната изведба на 24 .април.
Песната стана голем хит по прикажувањето на филмот но и како сингл плоча. Таа беше ставена и на неколку нивни подоцнежни компилациски албуми а честопати ја изведуваа и на концертите во живо.
„ Помош“ е рангирана на 29 место на ранг листата од 500 најдобри песни на сите времиња направена од списанието Ролинг Стоун.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк
.