
Пет мобилни екипи, две на Локалната самоуправа Охрид и три на Општинскиот црвен крст, од 13 март до денес имаат доделено 140 пакети со хигиенски средства,лекови и други средства,како и пакети со хуманитарна помош,обезбедена од општината Охрид за пензионерите.
Од вкупниот број на доделените хуманитарни патеки, 40 им се доделени на пензионери на ЗП Охрид и Дебрца, кои побарале ваква помош. Инаку,пакети со хуманитарна помош се наманети за стари,болни,изнемоштени лица на подрачето на градот Охрид, и населените места до Љубаништа,со цел превентивни и заштитни мерки поради настанатата стуација за превенција на здравјето на лиата од штетите предизвикани од пандемијата со вирусот ковид-19.
Мобилните екипи на Локалата самоуправа и Општинскиот црвен крст деновиве добија донација од 300 маски за повеќекратна употреба од текстилната фирма СаЕл Дооел Охрид. Маските, пред сḕ, се наменети за тимовите на Црвен крст Охрид и Општина Охрид кои работат на достава на намирници и лекови до граѓаните во Охрид, за социјално-ранливи и ризични групи,како и за пензионерите при ЗП Охрид и Дебрца, кои се најподложни на корона вирусот поради ослабнатиот имунитет.
Инаку,за било какви совети околу корона вирусот и пмошта од заштитни средства,достава на намирници и лекови на лицата од третата доба, односно пензионерите можат да се јават на телефоните 046-261-909,070-315-309 или на телефонот на Спасителната служба при Црвениот крст 13112.
Публицитет.мк






