Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), со вознемиреност го следи повторниот и непромислен обид на владеечката политичка гарнитура, „подгреан“ од нивните „загрижени“ медиуми и поединци, со манипулации и искривување на вистината, пред одржување на претстојните парламентарни избори, да „отпочне нова политичка ујдурма и игра“ на сметка на меѓунационалните односи во Република Македонија.
Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) им порачува на сите политички субјекти во Република Македонија, кои својата политичка понуда ја темелат на „сатанизирање“ на политичките противници со измислени тези за нарушување на меѓуетничките односи, наместо со „лов на вештерки“ да се зафатат со решавање на преостанатите прашања кои се услов предвремените избори за Собранието на Република Македонија да се одржат на 11 декември, годинава
ПОПГМ, укажувајќи дека ваквите „игри“ веќе се видени и „прочитани“, ги повикува граѓаните на Република Македонија на обединување со цел, преку ставање на граѓанинот во центарот на интересот на државата, конечно и вистински да се демократизира македонското општество и така да се спречат манипулациите кои се усмерени кон „држење на Република Македонија во заложништво“ од поединци и политички врхушки, се вели во соопштението упатено до јавноста.
Публицитет.мк