Излезе уште едно видео за Охриднаправено на Водици авторите се од Канада а го гледа цел свет.
Ник и Дариес, се момче и девојка од Канада кои решиле да работат,а заработеното да го трошат на патувања по светот.
– Патувањето стана наш начин на живот напишале на сопствениот сајт со необично име „Кози што патуваат“ алудирајќи на нивните авантури при долгите талакања во непознатите краишта.
Независно каде сме снимаме и од нашите компјутери испраќаме мини репортажи од егзотичните предели кои ги посетуваме. Го одбравме овој начин на живот без стрес со мислата дека треба да сме среќни што сме живи. На пример две години работиме а потоа цела една година го крстариме светот.
Во средината на јануари овие интересни туристички номади посакале да дојдат во Охрид,а тоа им го овозможил сопственикот на вилата „Мал Свети Климент“ Будимир Соколовиќ – Буцо кој бесплатно ги сместил во еден од неговите апартмани,па откако дошле случајно им раскажал дека Водици во Охрид е посебен и атрактивен ден .
Објавувајќи го видеото на сајтот кусо напишале:-Оваа недела ние сме во Охрид, се случи да пристигнеме за време на верскиот празник Водици. Овој празник го слави крштевањето на Исус Христос и за да се покаже посветеноста кон верата, млади луѓе пливаат во ладната вода за да го најдат светениот крст.
Соколовиќ – Буцо ни раскажа дека на нивниот youtube канал гостите од Канада поставуваат речиси по две – три репортажи месечно,а од идејата што тој им ја дал биле воодушевени. Репортажата од близу 5 минути за Охрид им е 70 по ред.
Уште една потврда со колку малку инвестиција, може да се постигне многу.
Милчо Јованоски, Публицитет.мк