• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Поради полицискиот час службите во црквите во Охрид ќе почнуваат порано

април 28, 2021
in Актуелно
Поради полицискиот час службите во црквите во Охрид ќе почнуваат порано

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид, ги известува своите верни чеда дека за време на претстојните Велигденски празници ќе има богослужба во сите парохиски храмови во нашата Епархија. Поради воведениот полициски час, а за да може верниците да присуствуваат на истите и навремено да се вратат во своите домови, почетокот на службите се поместува од нивниот вообичаен термин од минатите години. Затоа службите ќе започнат според следниов распоред:  

  1. На 29 април 2021 год. на Велики Четврток, службите ќе започнат во 17.00 часот.
  2. На 30 април 2021 година, на Велики Петок, службите ќе започнат во 17.00 часот.
  3. На 01 мај 2021 година, на Велика Сабота вечерта, службите ќе започнат во 23.30 часот.       

          Ние, како православни христијани, сме должни да се грижиме и за душата и за телото. Токму затоа, како Црква, и секогаш апелираме за почитување на мерките од Владата, зашто и Црквата е дел од оваа држава и се грижи за здравјето, телесно и духовно, на сите верници и на сите луѓе. Затоа сметаме дека со нашето внимание и со грижата за себе, но, пред сѐ, со грижата за нашите ближни, можеме да придонесеме во голем дел што побрзо да се ослободиме од ова искушение.     

          Затоа, поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците, кои сакаат да дојдат во храмовите и да го дочекаат достоинствено Христовото Воскресение, дека ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.

          Се надеваме дека верниот народ ја разбира нашата грижа, особено што ова е грижа, пред сѐ, за нив, за нивното здравје и за нашата иднина. Господ, нашиот Бог да нѐ избави од сите искушенија и да ни дарува здравје, мир и голема љубов, та да го дочекаме и Празникот над празниците, светлото Христово Воскресение, во мир, љубов и добро здравје. Ви ги честитаме претстојните Велигденски празници и Ве поздравуваме со древниот поздрав:

                                                   

Христос воскресе!

Од канцеларијата на

Дебарско-кичевската епархија Охрид

Фото: Архива

Публицитет.мк 

Посетеност: 69
Share
Previous Post

Толерантно кафе во Охрид

Next Post

Денес им е роденден: Дијана Стојановска

Next Post
Денес им е роденден: Дијана Стојановска

Денес им е роденден: Дијана Стојановска

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 69

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk