• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, септември 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Порака за Божик од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан до верниците

јануари 6, 2017
in Актуелно

Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан упати божиќна порака по повод претстојниот празник Рождество Христово – Божиќ.

– Еве го денот што го очекуваа старозаветните праведници и денот што го слават новозаветните богољупци – денот на спасението! Денес се исполнија претскажувањата на пророците, денес се роди Богомладенецот – Спасителот на човечкиот род. Бог се јави во човечко тело, па како вистински човек – како Богочовек да му помогне на човекот да се обожи и спаси. И токму тоа Чудо над чудата – доаѓањето на Бога на земјата, донесе радост изобилна, радост вечна. Со тој настан се помирија небото и земјата и човекот со Бога. Затоа мирот е постојаната порака на Божиќ: да имаме мир во себе, мир со другите – мир со сите, а со тоа мир – и со Бога!

Но, за жал, и по 20 столетија човештвото не ја разбра ни љубовта, ни жртвата, ни пораката Божја поднесени и упатени за мир и единство меѓу народите. Па, никогаш досега немало вакви спротивставувања и непријателства меѓу народите, вакви прогонства и страдања на невини луѓе, вакви обезвреднувања на човечките животи и уништувања на материјални добра и постигнувања. Народите како да заборавија дека токму мирот на земјата и добрата волја меѓу луѓето, се најголемото богатство и траен благослов од Бога. Божиќ – празникот на мирот е прекрасна прилика да се испитаме секој себеси, и тоа колку имаме и колку го градиме мирот – и во себе, и во семејствата, и на работните места, и насекаде и со сите. Впрочем, ако сееме правда – ќе жнееме добрина!

И ние како народ, како држава и Црква, ќе имаме и порадосни празници и поблагопријатни времиња доколку повеќе го градиме мирот меѓу нас, единството и слогата, разбирањето и почитувањето, како и достоинството свое и на другите. Или како што поучува свети Климент Охридски – во љубовта да се натпреваруваме еден со друг…

Само така, со такви дела и со такви постапки ќе можеме да ја почувствуваме и смислата и радоста што ја имаат и што ја донесуваат и Божиќ – денот на Христовото рождество и сите празници и денови! Христос се роди. Од Бога благословено Новото Лето, стои во божиќната порака на г.г. Стефан.

Публицитет.мк 

Посетеност: 76
Share
Previous Post

Наградата на Охридската академија за хуманизам за Јиржи Свобода

Next Post

Коледе леде, паднало греде,…За многу години денешниот голем празник!

Next Post

Коледе леде, паднало греде,…За многу години денешниот голем празник!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk