Мохандас Махатма Ганди е човек кој на свој начин го промени човештвото преку неговите силни пораки.
-На светот има седум гревови: богатство без труд, уживање без карактер, трговија без морал, наука без хуманост, обожување без жртва и политика без принципи.
-Не е мудро да се биде премногу сигурен во сопствената мудрост. Здраво е да се потсетиме дека најсилните можат да ослабат и дека најмудрите можат да згрешат.
-Каква разлика прави за мртвите, сиромашните и бездомниците дали лудачкото уништување е изведено во име на некој тоталитарен режим или во светото име на слободата и демократијата?
-Човекот е производ на своите мисли. Она што го мисли, тоа и станува
-Нашата големина како човечки суштества не лежи толку во можноста да го промениме светот – бидејќи тоа е мит на атомското време – туку во можноста да се промениме себеси
-Богатите мораат да живеат едноставно, за сиромашните едноставно да можат да живеат.
-Љубовта е најголемата сила која светот може да си ја претстави, но истовремено и најскромната.
-Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, па те тепаат и на крајот ти победуваш.
-Дури и кога сум малцинство од еден човек, вистината и понатаму е вистина.
-Зборувај само ако тоа е подобрување во однос на тишината.. Мораме да ги почитуваме другите религии, како што ја почитуваме својата. Не е доволно да ги толерираме.
-Ти и јас не сме ништо друго освен едно суштество. Не можам да те повредам тебе, а со тоа да не се повредам и самиот.
КОЈ Е МАХАТМА ГАНДИ?
Мохандас Карамчанд Ганди (2 октомври 1869 година – 30 јануари 1948 година) — истакнат лидер на Индискиот национализам во Британска Индија. Применувајќи ненасилно граѓанско непочитување, Ганди ја довел Индија до независност и поттикнал движења за граѓански права и слободи низ светот. Почесниот Махатма (на индоевропскиот јазик санскрит, со значење: „великодушен“, „достоинственˮ – за прв пат е применет во 1014 година во Јужна Африка, – а сега се користи во целиот свет. Исто така него го нарекуваат Бапу (на гуџаратски јазик со значење: љубов кон „таткотоˮ, „татко“ во Индија.)
Ганди е роден и израснат во Хинду, во семејство кое потекнува од крајбрежјето на Гуджарт, Западна Индија и бил школуван во здружението „Инер Темплˮ (ˮInner Temple“), во Лондон. Тој бил првиот кој применил ненасилно граѓанско непочитување како иселен адвокат во Јужна Африка, во резидентната Индиска заедница за борба на човековите права.
Во 1915 година, по неговото враќање во Индија, Ганди се поставил за организирање на селаните, земјоделците и урбаните работници да протестираат против данокот за прекумерното земјиште и дискриминацијата. Во 1921 година, преземајќи раководство над Индискиот национален конгрес, Махатма Ганди водел национални кампањи за олеснување на сиромаштијата, зголемувајќи ги правата на жените, градејќи верско и етничко пријателство, стопирајќи го понижувањето на најниската каста во Индија но пред се, за постигнување на „Сварајˮ (ˮSwaraj“) или правило на самоуправување.
Ганди одлично ги водел индијците во предизвикувањето на британското наметнување на данокот за солта со 400 км одење, наречен „Денди Салт Марч“ („Dandi Salt March“) во 1930 година, а подоцна во повикувањето на Британците да се откажат од Индија под кампањата „Августовското движење“ („Quit India“) во 1942 година. Во многу прилики, тој бил повеќе пати затворен со години и во Јужна Африка и во Индија.
Ганди се обидел да применува ненасилство и вистина во сите околности и се залагал и другите да го прават истото. Тој живеел скромно во самостојно станбено заедништво и носел традиционално „дотиˮ и шамија, проткаена со рачно предиво на чекрек. Ганди јадел едноставна вегетаријанска храна, а исто така постел, како начин за самопречистување и за општествен протест. Сепак, визијата на Ганди која се темели врз религиозниот плурализам, била оспорена во почетокот на 1940-тите години, со новиот муслимански национализам кој барал посебна муслиманска татковина создадена во Индија.
Најпосле, во август 1947 година, Велика Британија добила независнст, но Британско-индиското Царство било поделено во две територии, помалата со хиндуско мнозинство, Индија и муслимански Пакистан. Уште толку преселените хиндуси, муслимани, и сики ги заземале своите места на нивните нови територии, и со тоа избувнало верското насилство, особено во Пенџап и Бенгал.
Избегнувајќи ја официјалната прослава на независноста на Њу Делхи, Ганди ги посетил погодените области каде што се обидел да даде утеха. Во следните месеци, тој отпочнал неколку пости, за да ја потикне религиозната хармонија. Последниот од тие пости, отпочнат на 12 јануари 1948 година, на возраст од 78 години, исто така имало индиректна цел во притискањето на Индија да плати некој паричен капитал што се должел на Пакистан. Некои индијци помислиле дека Ганди бил премногу попустлив.
Помеѓу нив, бил Натурам Годсе, хиндуски националист, кој го убил Ганди на 30 јануари 1948 година со пукање на три куршуми во неговите гради. Махатма Ганди често, иако не е официјално, се смета за Татко на нацијата. Неговиот роденден, на 2 октомври, во Индија се празнува како, раѓањето на Ганди (ˮGandhi Jayantiˮ), кој е национален празник и во целиот свет, како Меѓународен ден на насилството.
Посмртни останки
Според хиндуската традиција, посмртните останки требало да се фрлат во река. Посмртните останки на Ганди биле истурени во урни, кои биле испратени во Индија за меморијалните служби. Повеќето од нив биле потопени во реката Сангам во Алахабад на 12 февруари 1948 година, но некои биле тајно одземени. Во 1997 година, Тушар Ганди се сконцентрирал во содржината на една посрмтна останка, најдена во еден трезор и која била вратена назад преку судовите, во Сангам – Алахабад.Некои посрмтни останки на Ганди биле расфрлани на изворот на реката Нил, во близина на Џинџа, Уганда, а спомен плочата го одбележала настанот. На 30 Јануари 2008 година, содржината на друга урна била потопена на плажата Чаупати. Другата урна е во палатата на Ага Кан во Пуна ( каде што Ганди бил затворен од 1942 година до 1944 година), и уште една урна во езерото Шрајн, во Лос Анџелес.
Публицитет.мк