• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, мај 14, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Филмољубие

„Последната“ кино претстава

јули 10, 2020
in Филмољубие
„Последната“ кино претстава

Сигурен сум дека многумина вистински љубители во филмската уметност добро се сеќаваат на филмот„ Последната кино претстава“ од 1971 година на режисерот Питер Богданович , кој говори за одраснувањето на една група на млади американци во почетокот на шеесетите години од изминатиот век во едно малечко американско гратче.

Насловот на филмот ми се чинеше како најдобра појдовна точка за она што во моментов се случува со филмот и неговата презентација онаму каде што припаѓа – во кино салите.

За жал, заради пандемијата на корона вирусот, уште во март такаречи во целиот свет беа затворени кино салите.И по пет месеци , со мали исклучоци, кино салите сеуште не работат а љубителите на филмот не се во можност да уживаат во филмската уметност.

k 13301168 640

Според она што го пренесуваат медиумите , дури и оние кино сали кои ги отвориле своите врати за публиката, се празни.

Од друга страна филмските компании веќе по неколкупати ги презакажуваат почетоците на прикажување на своите блокбастери а прикажувачите и кино салите не сакаат да ризикуваат да започнат со работа додека немаат филмски репертоар кој ќе им ги наполнат кино салите иако се помирени со тоа дека ќе треба да работат со тројно помал капацитет.

Во меѓувреме , со појавата на вториот бран на корона вирусот и најавата за тешка есен и зима, како да не се гледа светла точка во темнината на  киносалите.Од таму и насловот на филмот на Питер Богданович делува уште позастрашувачки.

MV5BMjFlZjZkMTYtODM2Zi00OTM4LWIwYTktOTFjMmQzZDEzZDc4XkEyXkFqcGdeQXVyNDg4NjY5OTQ Fotor Collage

Но, да видиме како конкретно стојат работите:

Повеќе пати најавуваниот акционен блокбастер „Тенет“ на режисерот Кристофер Нолан , кој требаше  во кино салите да дојде во средината на овој месец, е поместен за 14 август а играната верзија на анимираниот филм „ Мулан“ на компанијата Волт Дизни во кино салите би требало да се појави една недела подоцна , на 21. август.

Како предигра на ове два блокбастери за 31 јули е закажана премиерата на трилерот „Разбеснатиот“на режисерот Дерек Борт кој пак најрпивин беше најавен за 3. јули, па потоа за 10, јули за да биде преместен на 31. јули. Во него оскарвецот Расел Кроу игра лик на рабеснат возач кој е изнервиран од постапката на една млада жена откако на семафор ќе му засвири да тргне при отворено зелено светло.

Но, како што стојат работите откако корона вирусот во САД не престанува да се шири, ниту овие датуми на се сигурни па постои можност овие три филма да започнат да се прикажуваат од септември.

Сето ова се отсликува и на работењето на кино салите ширум светот од причина што токму американските филмови и блокбастери го преставуваат костурот на кинорепертоарот во кино салите. Ретко се случува некој домашен филм , како на пример во Франција каде филмот „ Како да се биде добра сопруга“ со Жилиет Бинош може да ја привлече публиката или во Јужна Кореја каде солидниот трилер „ Невиност“ е вистински хит. Но, тоа се исклучоци  од кои не  може да преживеат кино прикажувачите а во истовреме да биде и задоволна публиката.

Како стојат работите во државите од некогашна Југославија?

Во Словенија според пишувањето во „Јутарњи“ од Хрватска,  работаат само мултиплексите во Љубљана и Марибор, и тоа делумно, бидејќи работат само неколку кино сали. Тие што работат не смеат да бидат исполнети . Дозволено им е да продаваат до една третина од влезниците. Но и тоа им е многу, бидејќи интересот е сосема мал.Всушност  тие работат само за трошоците и платите за вработените.

cinestar 3 1080x715 Fotor Collage

Во Хрватска засега работаат само независните кина кои ги снабдува единствениот дистрибутер „Едитус“.Нивниот филм „ Светилник“ со Роберт Патисон и Вилијам Дефо во главните улоги се наоѓа на првото место на најгледаните филмови во Хрватска, но со сосема мала заработка.Во недостаток на нови филмови на гледачите им се нудат репризи на успешни филмови и филмови чие прикажување било прекинато со експанзијата на коронавирусот.

Мултиплексот Сине Стар наводно требало веќе да биде отворен, но по се’ изгледа дека тоа е одложено.Негов адут е дека има убава понуда од голем број на независни продуценти со што не мора да бидат зависни од холивудските блокбастери, меѓутоа без нив мошне тешко може да се оствари голема заработка.

Кога и да биде отворен за мултиплексот ќе важат истите правила како и пред затворањето:седиште и растојание од две празни седишта до следното седиште.Доколку филмовите „ Тенет“ и „ Мулан“бидат премиерно прикажани во САД во август,тогаш мултиплексот на СинеСтар би можел да проработи веќе кон крајот на овој месец и тоа со пробна филмска програма. Но ако двата споменати филма започнат да се прикажуваат од септември , тогаш мултиплексот би проработел кон крајот на август.

2 big Fotor Collage 

Во Србија мултиплексите не работат, иако во Белград веќе е завршен и пуштен во употреба еден нов комплекс на кино сали. Тоа е Синеплекс  со седум кино сали во шопинг центарот БИГна булеварот на Михајло Пупин.Во него се подготвува двонеделна програма „ Враќање во кино“ со филмови кои биле можеби прерано симнати од репертоарот или филмови кои не биле доволно искористени заради брзиот почеток на пандемијата.Сепак ,се чини ,дека се’ ќе зависи од термините на почетокот на прикажувањето на филмот„ Тенет“. Доколку тој остане на 12.август, програмата „ Враќање во кино“  би можела да започне кон крајот на јули, доклолку пак тоа се промени, се’ се одлага за еден месец подоцна. Меѓутоа во меѓувреме работите излегоа од контрола со корона вирусот а во таква состојба малку кој размислува за одење во кино.

 

106273103 272295437533593 2939890309572436662 o 960x502 Fotor Collage

Во нашата земја нема никакви информации за тоа кога ќе проработи комплексот кино сали на Синеплекс во Скопје. Но затоа пак, група ентузијасти од Младинското здружение „Транспарент фјучр“во Велес на 4.јули организираа проекција на филмот “ Судир“ во првото драјв ин кино во Македонија со ветување, заради големиот интерес на велешани, дека вакви проекции ќе бидат одржани до крајот на ова лето. Според најавите на локалната власт во Велес наскоро треба да проработи нова кино сала по цели 20 години.

Во Скопје такаречи паралелно , на две локации : Во паркот на МКЦ, вечерва и утре (сабота и недела) ќе бидат прикажани два филма под отворено небо. Ќе бидат прикажани филмовите „ Куќата што ја изгради Џек“ на Ларс Фон Трир и „ Никогаш не бевте вистински тука“ на Лин Ремзи.И двете проекции се бесплатни.

Од друга страна , во периодот помеѓу 11и 13 јули во дворот на Кинотека започнува летната програма, во која ќе се прикажуваат 4 современи филмови од годинешниот Европски филмски предизвик.Проекциите ќе се одржуваат со употреба на сите заштитни мерки кои се пропишани според проткол за вакви манифестации на отворено.

Ќе бидат прикажани филмовите:„ Господ постои, името и е Петрунија„ на Теона Митевска, „ Гостин“ на режисерот Дучио Чиарини, „ Земјата на моите нозе“на Мари Кројцер и швајцарско италијанската копродукција „ Сонот на Катрина на браќата Бишофбергер.

fbshare Fotor Collage

Што се однесува до летните филмски фестивали, за кои веќе пишувавме, денес објавувам неколки тазе информации за нив.

Првата се однесува за третото издание на Бич Охрид филм фестивал , кој според организаторите ќе биде одржан од 22 до 26 ,јули. Во четртокот организаторите на фестивалот се огласија со соопштение во кое се вели:

Почитувани, и покрај нашата заљубеност во Оревче и прекрасната екипа таму,
годинава одлучивме БФФ да се одржи на градска плажа кај Св. Стефан, пред хотелот Холидеј – M.Огромна благодарност до Љубиша и целиот тим на Оревче за дружбата изминатите две години,
Меѓутоа поради новонастанатата состојба од логистичко здравствени причини се селиме на друга локација.Локацијата е сменета, но енергијата е таа.

За овој фестивал подготвуваме поширока информација која ќе имате можност да ја проследите следната сабота.

За останатите летни филмски фестивали за кои веќе пишувавме , барем досега ,нема никакви нови информации за нивно поместување или откажување.

Така, 27. Издание на фестивалот на европскиот филм во Палиќ( Србија) би требало да се одржи во новиот закажан термин од 8 до 14 август. Фестивалот ќе биде отворен со новиот филм на режисерот Дарко Бајиќ „ Во име на народот“.

Во Хрватска од 18 до 26 .јули ,како што веќе од порано е објавено, ќе треба да се одржи 67 .издание на Пулскиот филмски фестивал.Досега нема никакви информации за негово поместување.

И конечно , во Босна , во Сарајево од 14 до 21 .август треба да се одржи традиционалниот Сарајево филм фестивал. Интересно е дека некои од неговите програми ќе бидат прикажани во новоотворениот мултиплекс на Синеплекс. Организаторите уште пред два –три месеци објаснија дека ќе се усмерат на помлади гости за  на тој начин да ги ослободат повозрасните гости од ангажманот да патуваат во несигурни климатски услови. Но како ќе успеат во тоа и дали нема да има никакво одлагање, ќе покаже времето.

Сето ова што досега го презентиравме говори за тоа дека и покрај огромните желби и напори кои ги прават филмаџиите , киноприкажувачите и организаторите на филмските фестивали, се’ зависи од развојот на ситуацијата со пандемијата на корона вирусот.

Едно е сигурно. Златното време на киното како безповратно да помина , колку и да е тоа тешко да си го признаеме – никогаш веќе нема да биде исто како порано.Затоа,можеби насловот на денешниот прилог помалку звучи апокалиптично , но сепак чинам дека не е далеку од вистината.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 78
Share
Previous Post

Таневски и Лазаревска:Гласањето на 15 јули ќе биде безбедно!

Next Post

Таневски: Ќе бидам „гласот на охриѓани“ во идниот Парламент

Next Post
Таневски: Ќе бидам „гласот на охриѓани“ во идниот Парламент

Таневски: Ќе бидам „гласот на охриѓани“ во идниот Парламент

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 78

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk