Римокатоличкото христијанство е најголема религија во Шпанија. Таа е држава која во текот на својата историја водела големи борби на религиозно ниво, главно, против исламот и јудаизмот, а во помала мера и со протестантството.
Поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров бил христијанизиран во времето кога истиот бил дел од Римската Империја. По слабеењето на Рим, германските племиња извршиле инвазија врз поголемиот дел од териториите на поранешната Империја. Во 410 година Шпанија била заземена од страна на Визиготите кои го наметнале аријанството.
Во 711 година Пиринејскиот Полуостров бил нападнат од Маврите од Северна Африка, каде формирале држава наречена Ел Андалуз и како таква (со мали промени) се задржала во следните 8 векови. Така, исламот станал најголема религија на овие простори, бројот на муслимани се зголемил во голема мера а додека поголемиот дел од населението останало христријанско. Во тој период, многу цркви биле претворени во џамии. Христијанството успеало да се задржи само во Сантијаго де Компостела. Средновековна Шпанија била местото на речиси постојаното војување меѓу муслиманите и христијаните.
Шпанската инквизиција за заштита на верата против разни еретици и кривоверци успеала да се прифати католичката вера. Во оваа група подоцна влегле и Евреите по што биле присилени (во 1492) да се преселат од Пиринејскиот Полуостров, од кои илјадници се доселиле во етничка Македонија
Шпанија има медитеранска клима. Летата се суви и топли, а температурите скокаат и до плус 40ОС на југот, каде има и најголем број сончеви денови во Европа. Во северозападните делови, Шпанците ги чувствуваат студовите и снеговите на зимските месеци.
Главни столбови во развитокот на Шпанија се: туризмот, автомобилизмот, бродоградбата, електротехниката, хемиската, текстилната индустрија и секако спортот и аграрот. Оваа туристички привлечна земја, годишно ја посетуваат околу 60 милиони намерници, вљубеници на тангото, фудбалот и коридата
Синагога во Солун
Шпанија од секогаш била интересна дестинација за Македонците. Така, се претпоставува дека првиот Македонец – некој си Драган од Охрид бил голем конквистадор, морепловец и откривател на новите шпански земји по светот, а бил познат под името Алонсо де Охеда. Тој бил во екипажот на морепловци на Колумбо. Меѓутоа е чудно за Алонсо де Охеда “ако е шпански католик” да ги наименува отворените земји и острови, реките, заливите, со “варварски” имиња како: Аруба, Орхилја, Лихнид, Тамара, Барбакала и др. и да се нарече првата европска населба на континентот Свети Себастијан, кога тој не се разделил од иконата на света Богородица, а во Шпанија, во тоа време најголемите светци биле: Сантијаго (Свети Јаков),света Магдалена, свети Хуан и др.
Според шпанските податоци, Алонсо де Охеда (Драган од Охрид) починал во 1515 година и неговиот вечен дом му е на островот Хиспањола во францискански манастир на градот Санто Доминго. Последната неговата желба била да биде погребан под прагот на манастирот.
Македонија и Шпанија се поврзани и со судбината на македонските Евреи кои од крајот на XV и почетокот на XVI век биле протерани како резултат на шпанската инквизицијата. Тие, главно доаѓале од Шпанија и Португалија, откако биле истерани од нивните татковини.
Најголем број Евреи се доселиле од Шпанија во Македонија, пред се’ во Солун, Битола, Штип и други градови, каде биле во можност да успеат во трговијата, медицината и во правото. Евреите извршиле големо влијанија врз духовната и материјалната култура во тогашна етничка Македонија. Во 1910 година во Македонија живееле повеќе од 90.000 Евреи во времето кога Солун бил најнаселениот еврејски град. Всушност, во Солун живееле поголем број Евреи отколку сите народи заедно и говореле Ладино (мешавина од јудејски и шпански јазик). Исто така, и Шабат (Сабота) се славел низ целиот град Солун.
Меѓутоа, во 1912 година Грците го окупирале и го превзеле Солун и на Евреите им било забрането да престојуваат во одредени делови од градот. Тоа довело до уште една масовна преселба на Евреите, кои претешно биле со шпанско потекло да се преселуваат во Соединетите Американски Држави, Канада и бројни европски држави.
Исто така, поврзаноста на Шпанија и Македонија се зацрта во текот на Шпанската граѓанска војна од 1938 година, во која служеле голем број Македонци. Тие биле еден вид предвестие на големата бура што подоцна се случила, а тоа била Втората светска војна која повеќепати ќе ја надмине својата предходничка и во бројот на жртвите и во силината и мокноста на оружјето над обичниот човек.
Инаку, Граѓанската војна во Шпанија се водела помеѓу силите на генералот Франциско Франко и Империјалната војска, која што била крајно фашистички ориентирана и која најголемата поддршка за својата активност ја добивала од Мусолини и Хитлер.
Од другата страна, пак, се бореле бунтовници, борци за демократија и слобода, меѓу кои, и Ернест Хемингвеј кој бил дел од таканаречените Интернационални бригади во кои свое место и учество зеле и македонски слободољубиви борци од сите делови на етничка Македонија.
Според пишаните документи се знае дека во воените дејствија во Шпанија учествувале 137 Македонци од трите дела на Македонија. Меѓутоа, голем бил бројот на борци – доброволци Македонци- ентузијасти од македонската дијаспора кои што се вклучиле во борбите за демократска Шпанија.
Македонските доброволци учествувале речиси на сите главни фронтови и герилата во Валенсија, Арагон, Мадрид, Каталонија, Харама, Кордоба, Брунето, Мадрид и на други места. За жал, на воените боишта животите ги положија 65 Македонци, од сите делови на Македонија и од иселеништвото, кои со својата храброст, љубов кон посреќна иднина и бестрашност секогаш застанувале на вистинската страна на правдата.
Искуството добиено во Граѓанската војна во Шпанија станала и основа за подоцнежниот развиток на Втората светска војна во Македонија. Во недостиг на војнички кадар способен да ги воспитува и образува идните генерации на македонската војска, тие искусни шпански борци ја воделе македонската војска за ослободување на поробена и разделена Македонија.
Пишува: СЛАВЕ КАТИН