По посетата на на овој простор директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека неговото гаснење е ризично за пожарникари или за употреба на хеликоптери, бидеќи на тој потег има заостанати убојни средства од Првата Светска војна, а за тоа потврда се дваесеттината експлозии кои се слушнале денеска.
Пожарот кој што пред четири дена се појави на сртот на планината Галичица од албанска страна, по што се префрли во националниот парк „Галичица“ на македонска територија е сѐ уште активен.По посетата на на овој простор директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека неговото гаснење е ризично за пожарникари или за употреба на хеликоптери, бидеќи на тој потег има заостанати убојни средства од Првата Светска војна, а за тоа потврда се дваесеттината експлозии кои се слушнале денеска.
Засега гори само сува трева, а доколку пожарот се спушти кон шумата, како што рече тој, тогаш ќе се размилува за негово гаснење од земја и со хеликоптери, бидеќи нема податоци дека во шумата има заостанати убојни експлозивни средства.
Извор: Сашо Нелоски , МРТ
Публицитет.мк