Своевремено забавниот портал WEIRD WORM состави една листа на пет познати филмови за кои многумина љубители на филмот и не знаеле дека се оригинални приказни туку преставуваат римејк ,или ако сакате ,ново видување на веќе снимени филмови.
Впрочем не е тајна дека во Холивуд одамна владее „глад“ за оригинални приказни кои во последите години ги има се’ помалку .Од таму филмаџиите се’ почесто посегнуваат по приказни кои се продолженија на веќе успешни филмови или по римејк на некој постар но омилен филм кој имал успех кај публиката.Има дури и голем број на случаи кога ист режисер се потпишува на ист филм кој преставува римејк на неговиот предходен филм, но за оваа тема подготвувме посебен прилог.
ВИСТИНСКИ ЛАГИ (1994)
Мошне успешната акциона комедија „Витински лаги“ на познатиот режисер Џејмс Камерон со Арнолд Шварценегер и Џејми Ли Кертис во главните улоги,ретко кој знае дека всушност преставува римејк на францускиот филм „Вкупно“на режисерот Клод Зиди со Тиери Лермит и Миу- Миу во главните улоги, од 1991 година.Како и во филмот на Камерон така и во филмот на Клод Зиди ,приказната се врти околу еден наизглед мирен деловен човек кој всушност е агент на владата кој деновите ги поминува со фаќање на терористи и инфилтрирање во редовите на препродавачите со оружје.Нормално, неговата сопруга не знае ништо за неговите “активности“бидејќи тој цело време тоа го крие од неа. Но,тиквата ќе пукне кога тој случајно ќе дознае дека неговата сопруга го изневерува со еден продавач на половни автомобили кој пак на неговата сопруга и’ се преставува како таен агент за да биде поголем „даса“ во нејзините очи.За повторно да ја освои својата сопруга ,Франсоа-главниот лик во филмот,ќе ја убеди дека нејзиниот љубовник не е таен агент туку меѓународен терорист и дека таа е единствената која може да ги спаси. Но ,планот нема да му успее и обајцата ќе завршат како заложници на една немилосрдна терористичка група.Интересно е да се каже дека филмовите на француската кинематографија се мошне честа мета на американските филмаџии кои прават американски верзии на успешните француски оригинални приказни.
ВАЛКАНИ РАСИПАНИ ИЗМАМНИЦИ (1988)
Филмот„Валкани расипани измамници“ од 1988 година во режија на Френк Оз ,со текот на годините стекна статус на култна комедија.Бил добро прифатен и од публиката и од критиката.За ваквиот прием секако голема заслуга имаат носителите на главните улоги Стив Мартин и Мајкл Кејн.Тие играат двојка измамници кои се обидуваат да измамат една богата наследничка.Фреди Бенсон е искусен измамник кој живее од искористувањето на сочуството од жените кои ги заведува и измамува со приказните за својата несреќна судбина.Еден ден тој ќе го запознае Лоренс Џејмисон кој истите измами ги изведува на едно неспоредливо повисоко ниво, меѓу богати вдовици и наивни наследнички.Одкако Фреди ќе го принуди Лоренс да го подучи како да се однесува кон пациентките за да има поголем успех, тој нема да го почитува договорот според кој по добиените лекции тој треба да го напушти градот.Сепак, за да дојдат до праведно решение ,Фреди и Лоренс се договараат дека право да остане во градот ќе има оној кој прв ќе успее да извлече 50 иљади долари од една млада жена…На малкумина им е познато дека оваа успешна комедија е всушност неслужбен римејк на комедијата „Приказна за лека ноќ“ од 1964 година на режисерот Ралф Леви во кој главните улоги ги толкуваат големите актерски ѕвезди Марлон Брандо и Дејвид Нивен и кој има идентична приказна со филмот„Валкани расипани измамници“.
ПОКОЈНИКОТ (2006)
Познатиот режисер Мартин Скорсезе својот единствен Оскар за најдобар режисер го освои во 2007 година за филмот „Покојникот“. Инаку Скорсезе досега има дури 8 номинации за наградата Оскар во оваа категорија.Да се потсетиме, филмот освои 4 Оскари и преставува еден од највлијателните филмови кои ја одбележаа првата деценија од новиот милениум.Во филмот ,кој ја донесува приказната за разните двојни агенти во бостонската криминална сцена – полицијата се обидува да се инфилтрира во мафијашките редови,додека од друга страна мафијашите испраќаат еден свој член во полицијата,настапува ѕвездена екипа која ја предводат :Џек Николсон,Мартин Шин,Марк Волберг,Мет Дејмон и Леонардо ДиКаприо.Не е тајна дека филмот на Скорсезе е всушност римејк на мошне успешниот хонгконгшки филм “Пеколни работи“ од 2002 година во режија на Ваи-Кеунг Лау и Алан Мак.Филмот имал огромен успех и доживеал уште две продолженија.На Хонконгшкиот филмски фестивал во 2003 година бил прогласен за најдобар филм и на некој начин го фрлил во сенка фаворизираниот филм „Херој“ на режисерот Занг Јимоу.
ЛИЦЕ СО ЛУЗНА (1983)
Еден од филмовите кои оставиле силно влијание во времето кога е направен, е секако филмот на Брајан Де Палма „Лице со лузна“ од 1983 година.Она што овој филм го прави да биде култен класик првенствено е заслуга на актерот Ал Пачино и неговата врвна глума како и неговиот импресивен кубански акцент.Филмот ја раскажува приказната за Тони Монтана,кубанскиот криминалец,кој доаѓа во Америка во потрага по богатство,моќ и слава.Според многумина оваа криминалистичка драма за моќ и алчност во моментот на своето појавување го редефинираше криминалистичкиот жанр а актерската игра на Ал пачино односно неговата преобразба во лорд на картелите е оценета како една од најимпресивните во последните 30 тина години.Многумина филмот го критикуваа заради неговата беспотребна суровост а глумата на Ал Пачино ја оценуваа како претрерана. Но,мора да се признае дека ретко кој филм од тој период оставил толку голем печат не само во жанрот на гангстерскиот филм туку и во поп културата. Во филмот, за кого сценариото го напишал Оливер Стоун,покрај Ал Пачино настапуваат уште и Мишел Фајфер,Стивен Бауер, Мери Елизабет Мастрантонио и Роберт Лоџиа.Она што е помалку познато а што е поврзано со овој филм е фактот дека филмот преставува римејк на итоимениот филм од 1932 година кој го режирале Хауард Хокс и Ричард Росон.Дејствието на филмот истотака се фокусира врз животот на еден амбициозен мафијаш кој од ситен криминалец станува крупна риба.Во овој филм главните улоги ги толкуваат Пол Муни,Ен Дворак, Карен Морли и Озгуд Перкинс.Има еден интересен момент околу оваа верзија на филмот. Имено ,филмот толку многу му се допаднал на озлогласениот американски гангстер Ал Капоне ,што имал сопствена копија од овој филм.
ПАРАНОЈА (2007)
Еден од најнадежните холивудски актери Шија ЛеБоуф во 2007 година настапи во филмот „Параноја“ на режисерот Д.Џ.Карузо.Тој во филмот игра лик на едно младо момче кое заради недолично однесување ќе биде казнет со домашен притвор.Таму единствена занимација му е да ги шпијунира соседите.Тој ,според критиката, мошне добро го одиграл ликот на помалку дрскиот тинејџер кој во почетокот одбива да свати дека светот се врти околу него , за подоцна во себе да открие вистински јунак. Покрај него во филмот настапуваат уште и познатите Кери Ен-Мос и Дејвид Морс, актери кои никогаш не станаа актери од првата лига, но чии квалитетни улоги секогаш се препознаваат.Филмот „ Параноја“ е всушност своевидна модернизирана верзија на класикот на Хичкок „Прозорец во двориштето“ од 1954 година.Разликата во приказните во двата филма е во тоа што јунакот во филмот „Параноја“ е приморан(казнет) на куќен притвор додека главниот јунак во филмот на Хичкок е приморан да остане дома заради скршената нога.Главните улоги во филмот на Алфред Хичкок ги толкуваат Џејмс Стјуарт,Грејс Кели,Вендел Кореј,Телма Ритер и Рејмонд Бар.Филмот„Прозорец во двориштето“ завзема посебно место во творештвото на Хичкок. Покрај стилска и наративна иновативност филмот го одликува и успешното обединување на различните жанрови од детективскиот ,криминалистичкиот па се’ до љубовниот. Покрај 4 номинации за оскар, филмот на Хичкок му ја донесе наградата за најдобар филм од Британската филмска академија, а Грејс Кели признанијата на Националниот одбор за ревизија и филмските критичари на Њујорк.Во 1997 година филмот е сместен во Американскиот Национален Филмски Регистер, а една година подоцна филмот се најде на листата на 100 најголеми американски филмови на сите времиња. Со улогата на Џеф Џефрис оскаровецот Џејмс Стјуарт на својот импозантен творечки опус му додаде уште еден бисер.
Автор: Ѓоко Симјаноски / Публицитет.мк