
Вечерва во Лондон беа објавени имињата на добитниците на наградите на 62. по ред ЛОНДОНСКИ ФИЛМСКИ ФЕАТИВАЛ , кој завршува утре со прикажувањето на светската премиера на филмот „ Стан и Оли“.
Фестивалот започна на 13 октомври. Во рамките на годинешното издание беа прикажани вкупно 225 играни филмови од 77 земји и 14 кинематографии кои беа поделени во повеќе програми.
Во главната натпреварувачка програма учествуваа 10 филмови а за најдобар е прогласен австрискиот филм ЏОЈ на режисерката Субадех Мортезаи.
Во конкуренцијата на дебитантски филмови наградата ја освои белгиско холандскиот филм ДЕВОЈКА на режисерот Лукас Донт.
Ѓ.Симјаноски, Публицитет.мк






