Битола во октомври ќе биде домаќин на Првиот Интернационален фестивал на сатирата, хуморот и карикатурата во организација на Институтот за култура и уметност при Меѓународниот славјански универзитет.
Комисиите за доделување награди на Конкурсот за карикатура, хумореска и афоризам „Јас, Итар Пејо” деновиве ги соопштија наградените учесници од Конкурсот.
1. Награди за карикатура
Од пристигнатите карикатури од 78 автори од целиот свет, доделени се три главни и седум специјални награди:
Прва награда – Миро Георгиевски, Македонија
Посебна награда за ликовно-графичко обликување: Кристина Александарски
Специјални награди:
1. Валекс Александров, Бугарија
2. Владимир Казањевски, Украина
3. Хулс Хунишиќ, Австрија
4. Сергеј Самандуев, Украина
5. Слободан Бутир, Хрватска
6. Лујс Пострум, Австрија
7. Ердоган Босол, Турција
2. Награди за афоризам
Од пристигнатите афоризми од 49 автори, доделени се три главни и шест специјални награди:
Прва награда – Васил Толевски, Македонија
Втора награда – Витомир Долински, Македонија
Трета награда – Раде Ѓерговиќ, Србија
Специјални награди:
1. Наташа Ќурчиска, Македонија
2. Нинус Несторовиќ, Србија
3. Братислав Костадинов, Македонија
4. Љупчо Силјановски, Македонија
5. Марјан Ангеловски, Македонија
6. Зоран Т. Поповиќ, Србија
3. Награди за хумореска
Од пристигнатите афоризми од 30 автори, доделени се три главни и три специјални награди:
Прва награда – Томислав Дрвар, Србија
Втора награда – Ангелина Лапоска, Македонија
Трета награда – Владислав Влаховиќ, Црна Гора
Специјални награди:
1. Габриела Стојаноска, Македонија
2. Сузана Георгиеска, Македонија
Освен главните награди, комисиите одлучија да доделат и специјални награди на дел од учениците на конкурсот кои ќе бидат објавени на денот на доделување на наградите.
Претседател на фестивалот е новинарот Иван Бојаџиски
Комисија за карикатура:
1. Јордан Поп Илиев, претседател
2. Јордан Ѓорчев, член
3. Хасан Фазлиќ (Босна и Херцеговина), член
Комисија за афоризам:
1. Миле Ѓорѓијоски, претседател
2. Иван Бојаџиски, член
3. Игор Дамјановиќ (Србија), член
Комисија за хумореска:
1. Христо Петрески, претседател
2. Трајче Кацаров, член
3. Васил Тоциновски, член
Наградите ќе бидат врачени на свеченост која ќе се одржи на 27 октомври од 19:00 часот на МСУ во Битола.
Публицитет.мк