Од денеска на Инфективната Клиника како поддршка на нашиот тим доброволно престојува еден наш кардиолог доктор Игор Балески, кој е по потекло од Охрид и којшто долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор со огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега, изјави министерот за здравство Венко Филиипче.
-Тој е кардиолог, меѓутоа сметавме дека неговото искуство во третман на овие пациенти ќе помогне и при третманот на нашите пациенти на Инфективната Клиника. Тој се понуди да дојде и сега две недели практично со отсуство од Словенија ќе волонтира, ќе работи со нашите колеги. Денеска за првпат престојуваше на Инфективната Клиника. Сакам да изразам голема благодарност до колегата и уверен сум дека неговиот придонес во оваа ситуација навистина ќе биде од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Инфективната Клиника“, рече министерот Филипче, на редовната прес конференција.
Д-р Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.
Публиците.мк експресно го побара доктор Игор Балески и еве што тој кажа во разговорот со нашиот Милчо Јованоски
Кликнете на аудиото и слушнете го разговорот во целост.
Публицитет.мк