• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Практичен изум побрзо до огревно дрво со користење жичарница

септември 16, 2015
in На минување

Есента е на прагот, па по неа и зимата само што не стигнала. Најактуелен разговор меѓу граѓаните деновиве освен  за зимниците е оној кој почнува со прашањето:- Дали набавивте дрва за огрев?“

На социјалната мрежа Фејсбук осамнаа две интересни видеа кои ни откриваат еден нов и далеку побрз начин на дотур на огревно дрво со помош на адаптиирана жичарница.

Оваа жичарница е во сопственост на подружницата „ Бор“од Кавадарци а снимките се направени на падините на Рожден.

 

 

„Публицитет.мк“ го контактираше директорот на  подружницата магистер Слободанчо Климоски и еве  како тој го објаснува овој технолошки изум за кој вели дека е првпат да се употреби во Македонија.

-Вообичаено е на овој начин со жичарница  да се дотураат трупци, односно техничка дрвна маса. Но многу ретко се успева да се направи дотур на огревно дрво како во нашиот пример. Маката не натера, се’ со цел да се избориме и да дојдеме  до некој кубик повеќе огревно дрво како би можеле што повеќе и побрзо  да го снабдиме населението со огревно дрво, пред да застуди и да почнат есенските дождови. За овој начин на дотур на огревно дрво не  велам дека е прв случај во светот, но во Македонија секако дека е, ни изјави м-р Климоски.

– Вообичаено со жичарница се дотураат трупци,  а дрва за огрев е тешко затоа што се растураат при пакувањето и обидот за транспорт  кога ќе се подигнат. Интересно е тоа што за само две минути се дотура еден кубик на одредено растојание. Споредено на пример со ангажирање на три коњи, на кои за да ја пренесат истата количина на истото растојание им се потребни дури 15 минути, вели Климоски.  

Оперативата на Шумско стопанство „Бор“ од Кавадарци е најголема и една од најуспешните подружници во Република Македонија, односно во рамките на ЈП „Македонски шуми“.

Публицитет.мк

Посетеност: 144
Share
Previous Post

Четкар со настапи во Чикаго, Детроит и Колумбос пред Буш и македонскиот политички врв

Next Post

Кои професии земаат најголеми, а кои најмали плати во Македонија?

Next Post

Кои професии земаат најголеми, а кои најмали плати во Македонија?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 144

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk