Пратеникот д-р Рубин Земон преку собраниската архива денеска доставил пратеничко прашање до министерот за образование д-р Арбер Адеми во кое бара информација за сосотојбите во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид за како што вели во упатеното прашње незаконското работење на Универзитетот.
-Незаконското работење по повеќе основи на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, е констатиранo повеќе пати од повиканите државни институции, како на пример: Записникот од извршениот редовен надзор од страна на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) од 07.12.2017 под бр. ИП 1 бр. 09-2546, како и Решението по тој записник, потоа Записникот од извршениот контролен инспекциски надзор на ден 02.05.2018 година, со што се констатира дека Унивезитетот не постапува по наодите и Решението. Потоа, Конечниот извештај на Овластениот државен ревизор бр. 13-58/1 23.01.2017, реферира за целосна неправилност во работата на органите на Универзитетот, како и индиции за огромни криминогени активности и финансиски малверзации, обкаснува во дописот до министерот – пратеникот Земон.
-Со оглед на тоа дека истиот Универзитет до Владата и Собранието, поднесува барање за согласност за усвојување на измените и дополнувањата на Статутот, нејасни се околностите кој и како ги усвоиле измените на Статутот на Универзитетот кога Државниот просветен инспекторат констатира дека Сенатот на Универзитетот место од 12 се состои од 2 члена со оспорен мандат и дека Сенатот работи незаконски и нестатутарно?! Исто така, изборот на ректорот на Универзитетот е оспорен од страна на ДПИ, така што и самиот потпис на документите за барање за согласност на Статутот, а и потпис на Статутот е потпишан од законски нелегитимно лице! Ова уште повеќе што ДПИ констатира дека т.н. ректор на Универзитетот нема легална диплома за завршени докторски студии и неговите избори во наставно-научни звања се оспорени, што е неопхподен услов некој да биде избран во ректор!, пишува во своето пратеничко прашање пратеникот д-р Рубин Земон и додава:
-Имајќи го сето ова во предвид, но и другите криминогени наоди на релеватните државни институции во врска со (не)функционирање и (не)законското работење на Универзитетот св. Апостол Павле во Охрид, Ве молам да ми одговорите како и кога мислите овој Универзитет во Охрид, кој што е единствен во Светот по апсурдот да биде Универзитет само за една научна дисциплина, да започне да работи законски, со легитимно и научно компететни избрани академски органи и вработен релевантен научно-образовен кадар? Кога и како мислете да поднесите пријави за кривична и законска одговорност за лицата што повеќе од 6 години, го држат во заложништво и „академски мрак“, но и во криминогени активности, Универзитетот Св. Апостол Павле во Охрид?
Пратеник – д-р Рубин Земон
Ова уште повеќе што Охрид како град на УНЕСКО кој се повикува на традицијата на Охридската книжевна школа и Св. Климентовиот универзитет, како прв универзитетски центар во Европа уште во Х век, заслужува денес да има респектабилен Универзитет од повеќе научни дисцпиплини, а особено од општествените и хуманистичките науки, стои во поднесеното пратеничко прашање од пратеникот Земон кој очекува одгво од ресорниот министер и министерство за образование и наука.