На два дена по изборната трка старо новиот пратеник д-р Томислав Тунтев од СДСМ ги кани на ТВ дебата колегите – пратеници од ВМРО ДПМНЕ од Охрид да се договорат за што ќе се борат во парламентот.
Тунтев на охридски дијалект на својот ФБ профил напиша: После долги години СДСМ во парламентот ќе имат двајца пратеници од Охрид, а не само еден… Неизмерно сме им благодарни на сите наши сограѓани шо застанаја зад нас и горди за укажаната чест, доверба и поддршка… Охриѓани ногу јасно покажаја дека сакет да се менвет работите на поубо… и ќе се менвет… за живот овде, за децава да не ни бегет од градов и државава…
Поздрав и до нашите двајца колеги пратеници од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, кои за време на предизборната кампања се уплашија, избегаја и не се појавија на ТВ дебата со нас… ама ево сега ги викам да се охрабрет, да се одважет, да не се плашет и да прифатет отворена и јавна ТВ дебата… За да се договориме со време пред охридската јавност колку, како и за шо ќе се залагаме и бориме во парламентот за интересите на Охрид и охриѓани…
Независно од то кој ќе е власт, а кој опозиција…, напиша на својот ФБ профил д-р Томислав Тунтев.
Публицитет.мк