Поминаа 40 години од денот кога за прв пат охридска планинарска експедиција го освои врвот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа од 4.810 метри.
За подвигот на Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Тони Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Киро Филев, на иницијатива на Кирил Димоф- Гафиљ, беше изработена и специјална документарна Тв емисија „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“, во која се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.
По овој повод, ќе се одржи прес-конференција, в петок, на 24-ти јули 2020 година со почеток во 11:00 часот во кафе бар „Аквариус“.
Публицитет.мк