Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид во соработка со болницата Систина Офталмологија, в сабота, на 15 февруари организира здравствено едукативен настан кој се состои во предавање и бесплатни консултации со тимот на Систина Офталмологија.
На тема катаракта, што е и кои се можните решенија ќе зборува д-р Викторија Филева. Предавањето ќе се одржи од 11:00 до 12:00 часот во Големата сала на Здружението на пензионери Охрид.
За ласерска корекција на диоптрија д-р Филева, ќе одржи предавање истиот ден од 12:30 до 13:30 часот во Црвен крст Охрид.
Доколку имате проблем со катаракта, размислувате како да се ослободите од очните помагала и да гледате без ограничувања, и доколку сакате да дознаете повеќе за ласерска корекција на диоптрија и можните начини за отстранување на диоптријата, Ве очекуваме на овој настан.Бројот на присутни лица е ограничен и затоа не се двоумете, пријавете се на тел. 070 315309, 046 261909, 070 351008 или дирекно во просториите на Црвен крст Охрид, најдоцна до петок, 14.02.2020, до 16 часот, информираат од Црвен крст Охрид.
Публицитет.мк