• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Прегрни ме“ Хулио Иглесиас

август 25, 2021
in Тоа беа години
„Прегрни ме“ Хулио Иглесиас

Во ова денешно време ,невреме, во кое живееме живот оптоварен повеќе со грижи отколку со  радости , на сите во одредени моменти ни е потребна прегратка во која ќе се почуствуваме посигурно,посреќно, посилно…

Дури  и некои истражувања покажуваат дека прегратката делува позитивно на целото тело.Прегратката е мошне важен елемент во развојот на секој човек , почнувајќи од детството, младоста , зрелото и третото доба во животот.

Едно психолошко истражување покажало дека за среќен ден потребни се 13 прегратки дневно, и друго, дека  во просек луѓето поминуваат месечно по еден час прегрнувајќи ги саканите.Некои прегратки се кратки а некои многу долги…но во просек тие траат по 9,5 секунди.

Прегратките , се одраз на љубов, почит, доверва , сочуство…Со неа се намалува чувството на осаменост, помага да се надмине стравот,да се подигне самодовербата ,да се намали нервозата… Со еден збор прегратката е чин на љубов и среќа.

Прегратката како тема е мошне застапена и во музиката.Постојат навистина голем број на песни кои говорат за прегратката. На една од нив ќе се потсетиме во оваа прилика.

Се работи за песната „Прегрни ме“од 1975 година во интерпретација на Хулио Иглесиас.

Музиката е дело на шпанскиот композитор Рафаел Феро со кого Хулио имаше мошне плодна соработка се до неговата смрт во 2010 година. Тој беше мошне плоден автор кој зад себе остави над 300 композиции .

Текстот за песната го напишале Хулио Иглесиас и   Џани Белфиоре ,италијанец по струка навигатор на бродови кој подоцна станува офицер на палуба на бродови за крстарење по трасите на Атланскиот океан.Подоцна станува Порсер, односно човек одговорен за забава на патниците , забавувач и самостоен водител.

Пред да го напушти светот на бродовите и да се посвети на пишувањето текстови за песни , во февруари 1975 година се среќава со Хулио Иглесиас кој бил патник на крстарење со бродот „Росини“. Иглесиас тогаш бил мошне познат во Јужна Америка но сеуште малку познат во Европа како и во својата родна Шпанија.Нивната соработка по првата песна , ќе биде многу плодна.Тој напиша над 80 песни на италијански јазик кои станаа интернационални хитови кои дефинитивно го лансираа Иглесиас во Европа и САД.Во едно интервју во 2001 година емитувано на италијанската телевизија , Хулио за него ќе рече: „Според мое мислење , Џани Белфиоре е еден од најголемите текстописци што некогаш постоеле во Италија во последните 50 години“.

Освен со  Хулио тој соработувал и со голем број на други изведувачи (Рафаела Кара, Боби Соло, Ива Заничи, Френк Бонгусто…).Тој се смета за текстописец , кој подобро од било кој друг,зборува за женското срце.

Постојат неколку верзии за оваа песна на други јазици :Италијански, француски , англиски и португалски.

Песната започнува со многу меланхонична увертира. Се работи за мошне тажна песна во која еден маж упатува апел до неговата  жена да не го напушти, но нејзиниот поглед е доволен тој да разбере дека љубовта која е родена кога тие двајца биле уште деца , сега е завршена.

Последното нешто што тој ја бара од неа , со надеж дека ќе му се врати,е само топла прегратка.

Италјанската верзија на текстот е адаптирана од Џани Белфиоре и поинаква од шпанската верзија. Во неа не се говори за звршена љубов туку за неизговорени нешта помеѓу две лица кои сега можат да се доверат безбедно еден кон друг.

Песната доживеа и неколку изведби од други интерпретатори а доживеа и повеќе инструментални верзии. Таа може да се слушне и во изведба на Алејандро Фернандез, Камила, квартетот „Ил Диво“ но и во изведба на хорот и оркестарот на Реј Кониф како и  хрватскиот челист Стјепан Хаусер.

Се разбира, на неа ве потсетуваме со изведбата на Хулио Иглесиас.

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 154
Share
Previous Post

Нови 100-тина клупи и 90 корпи за отпадоци во Охрид

Next Post

ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС – ФК БЕСА 4-1 (1-1)

Next Post
ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС – ФК БЕСА 4-1 (1-1)

ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС - ФК БЕСА 4-1 (1-1)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 154

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk