• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Преку Секторот за комунални дејност се следи крвотокот на Охрид

август 4, 2018
in Аргументи за
Преку Секторот за комунални дејност се следи крвотокот на Охрид

Ние сме секогаш подготвени да ги слушнеме  комуналните проблеми на граѓаните и  се обидуваме што можеме побрзо да ги решиме нивните барања, доколку се основани и финансиски остварливи.

Зад нас се многу реализирани проекти но и една амбициозна програма која е обусловена од низа предуслови , вели во интервјуто за Публицитет.мк , дипломираниот градежен инженер, Емин Селман, кој раководи со Секторот за комунални дејности при Општина Охрид.

Конкретно што беше сработено во изманите неколку месеци – перидот од декември до јуни – по смената на локалната власт. Кои проекти – зафати?

-Како поголеми градежни работи може да ги издвоиме:

  • Реконструкција на патен правец Косел – Вапила;
  • Рехабилитација на ул. „ Кеј Македонија“;
  • Асфалтирање на пристапни влезови  на ул. „ Сирма Војвода“;
  • Асфалтирање на  пристапни влезови  во населба Рача;
  • Асфалтирање на ул. во с. Љубаништа – туристичка населба;
  • Крпење на  ударни дупки;
  • Хоризонтална и вертикална сигнализација;

 turisticka copy

Што покажува скенирањето на улиците во градот – какава е состојбата реално? Каде итно ќе интервенирате?

-Согласно извршениот теренски надзор и извршената анализа над состобата на уличната мрежа на мислење сме дека во периодот што следи неминовно е да се пристапи кон  реконструкција и изградба на следнава улична мрежа: Јане Сандански,      Македонски Просветители, Егејска, Распаќе, АСНОМ, Источно  Транзитна (комплетно решавање со проектна документација за реконструкција), ул. Абас Емин  (комплетна реконструкција со изградба на атмосферска канализација, фекална канализација, водовод и асфалтирање со комплетна документација), 7 – ми Ноември, кружна крстосница кај болница, Прва Македонска Ударна Бригада, како и влезовите во град Охрид.

 Дали следните проекти ќе се само козметика или и подолгорочно решавање на одреден комунален проблем?

Реализацијата  на сите проекти  ќе значи подолгорочно решавање на комуналните проблеми на уличната мрежа и паралелно со асфалтирањето или поплочувањето  на истите ќе се решаваат проблемите со одводнување, канализациона и водоводна мрежа.

abas copy

За пофалба е новото асфалтирање на Кејот МАКЕДОНИЈА. Што ќе биде следно ако се знае дека главната сезона е на прагот. Каде ќе се насочите?

Се  надеваме дека следни  проекти за реализација ќе се :

  • Реконструкција на бул. „ Македонски Просветители“;
  • Реконструкција кружна крстосница кај болница ;
  • Реконструкција на ул. „ Егејска “ и ул. „ 7 – ми Ноември “ со изградба на системи  за одводнување.

 Колкав е буџетот на Вашиот сектор и дали општината користи и дали аплицира за средства до државни и меѓународни фондови за да се затворат одредени проекти финансиски ?

Буџетот на секторот за Комунални дејности, сообраќај и улици е распределен во 9 програмски активности, согласно дејностите кои се вршат и одделни проекти ќе се реализираат со финансиска подршка од Владата на Р. М, како и разни меѓународни фондови, вели Селман.

Фотo: google map       

Публицитет.мк 

Посетеност: 79
Share
Previous Post

Вечерва, концертот на „Синтезис“ ќе се одржи во Центарот за култура во Охрид

Next Post

Европски летни филмски фестивали (4)

Next Post
Европски летни филмски фестивали (4)

Европски летни филмски фестивали (4)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 79

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk