Во петок, 4 ноември во 21 часот, во просториите на Кино Култура ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм “Благословена”, на режисерката Милиана Ленак.
Филмот е чешко-македонска ко-продукција, а како продуценти се јавуваат филмската академија ФАМУ од Прага, и Квазар Филм од Скопје. Филмот е сниман во Прага, на чешки јазик и во него настапуваат реномираните актери Јана Козубкова, Јакуб Готвалд, Хонза Хајек, Даниела Залешкова и Даниела Ворачкова.
Дел од актерската екипа ќе присуствува на премиерата и ќе учествува во отворената дискусија по проекцијата. Камерата на филмот е на Ивон Теислерова, монтажата на Радован Петровиќ и Блаже Дулев, дизајнот на звукот е на Дарко Спасовски – Пацки и Горан Керкез, а музиката ја работеше Виктор Гајтановски. В
Во една од музичките нумери, која е обработка на песна од Драган Ѓаконовски Шпато, како вокал се јавува Тања Царовска. Дизајнот на постерот е на Марија Ветероска.
Филмот се осврнува на проблемот на пост-породилната депресија, преку призмата на една жена која во последните мигови пред породувањето, се обидува да се ориентира во својот заплеткан љубовен живот.
Публицитет.мк