• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, мај 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Премиерот Ковачевски ќе учествува и говори на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

септември 18, 2022
in Тикер
Премиерот Ковачевски ќе учествува и говори на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во придружба на сопругата, од 19 до 24 септември ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД). Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчковски,и советникот за надворешни работи Едмонд Адеми. Според агендата премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Главната дебата на 77-то Генерално собрание на ОН каде тема е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“.
Премиерот Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на Самитот за трансформација на образованието под покровителсто на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата ќе биде во насока на унапредување на образовните системи во земјите преку реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетно и достапно образование за секое дете.
Претседателот на Владата на Република Севена Македонија ќе учествува и говори на Состанок на високо ниво по повод одбележувањето на 30 годишнината од Усвојувањето на Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на национални, или етнички, верски и јазични малцинства.
 
За време на посетата на Њујорк, претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе одржи предавање на реномираниот Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.
 
Предавањето ќе се одржи во рамки на серијата говорници и предавања на Форумот на светски лидери каде досега учествувале над 300 претседатели на држави од 85 земји, меѓу кои и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерката на Норвешка, Солберг, премиерката на Финска, Марин. Во оваа серија говорници, предавања имаат одржано и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, поранешната државна секретарка на Стејт департментот Медлин Олбрајт, поранешниот претседател на Француската Република Никола Саркози, поранешниот генерален секретар на ООН Бан Ки-Мун.
 
Во рамките на Генералното собрание на ООН премиерот Ковачевски е поканет и ќе присуствува на приеми кај Претседателот на САД Џо Бајден и кај градоначалникот на Њујорк Ерик Адам.
 
За време на посетата, а во рамки на Генералното собрание на ООН, премиерот Ковачевски ќе се сретне со генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.
 
Премиерот при работната посета на САД ќе оствари повеќе билатерални средби, како и средби и со истакнати македонски личности кои работат и живеат во Њујорк.

 Публицитет.мк 

Посетеност: 74
Share
Previous Post

ГФК Охрид Лихнидос – ФК Пелистер 0-1

Next Post

Со знаењето расте и сомнежот

Next Post
Со знаењето расте и сомнежот

Со знаењето расте и сомнежот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 74

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk