• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Премиерот Заев во посета на родната куќа на Конески во Небрегово на денот на неговото раѓање

декември 19, 2020
in Тикер
Премиерот  Заев во посета на родната куќа на Конески во Небрегово на денот на неговото раѓање

Премиерот Заев, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалниците на  општините Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили денеска ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.
„Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година.
Во таа насока, 2021 година ќе биде  уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура и во таа насока, денеска, Министерството за култура ја започна подготовката на програмата со која во национални и во меѓународни рамки ќе се одбележи оваа значајна годишнина во текот на целата идна година.
19122020 VRSM Nebregovo 02
Животот и делото на Конески се судбински врзани и со раѓањето на македонската државност, со што се исполни вековниот сон на редици и редици генерации кои го негуваа и учествуваа во остварувањето на тој сон во реалност.
Конески ги поврза стремежите на неговите претходници, Рацин, Мисирков, Миладиновци и многу други преродбеници од 19-тиот и 20-тиот век, кои ја прифатија светлината на просветителската мисија на светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, која тие им ја дарија на сите словенски народи во Европа.

Блаже Конески ја проучи и разработи суштината на македонскиот јазик, го насочи неговиот развој како современ литературен јазик сообразен со светски прифатените стандарди.
Соочен со отпорот за признавањето на посебноста и на корените на македонскиот јазик, освен на научната сцена, Конески ги запиша најубавите стихови во слава на нашиот национален идентитет.
Кога го чествуваме Конески не го чествуваме само неговиот придонес за македонскиот јазик. Ги чествуваме и неговото останато научно дело, неговата поезија, неговата културна и национална мисија, кои ги претставуваат највисоките и највозвишените богатства на македонскиот и на другите народи во земјата.
Богатството што Конески го остави зад себе засекогаш ќе ги исполнува со љубов и љубопитство, со постојан интерес за истражување сегашните и идните поколенија научници, поети, и најважно од сѐ – искрените вљубеници во вистината и убавината.
Нека му е вечна славата! Вечно ќе го чуваме и негуваме споменот на него и неговото дело“, истакна премиерот Заев во изјава за медиумите.   

Министерката Стефоска во своето обраќање истакна: „Блаже Конески тивко но упорно извојувал многу битки за самобитноста, за јазичните значенски вредности, за науката. Сите во него го препознаваме нашиот современ Климент Охридски. Министерството за култура и Министерството за образование поведоа иницијатива 2021 да биде година посветена на Блаже Конески, затоа што мирот и довербата, а пред се и самодовербата се клучните поими во книжевната и научната дејност на Конески“.
Публицитет.мк 
Посетеност: 147
Share
Previous Post

Во Охрид нови 34 случаи регистрирани со Ковид – 19

Next Post

Вандали синоќа на неколку локации низ Охрид запалиле контејнери

Next Post
Вандали синоќа на неколку локации низ Охрид запалиле контејнери

Вандали синоќа на неколку локации низ Охрид запалиле контејнери

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk