• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, мај 17, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Прес конференција со лауреатите на СВП – Таникава и Ор

август 25, 2022
in Тикер
Прес конференција со лауреатите на СВП – Таникава и Ор

Иако не сум во можност да бидам со вас тука како физичко битие, за среќа можам да ве поздравам во моментов како зборовно битие. Многу сум горд што ја добив наградата која во минатото била доделувана на голем број сјајни поети со најразлични мајчини јазици, порача во аудопораката годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава на денешната прес-конференција на „Струшките вечери на поезијата“.

Лауреатот Шунтаро Таникава, поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици не присуствува на фестивалот.

– Се присетувам дека сите ние, макар со одредена неверица, сепак веруваме дека поезијата постои дури и во оваа нејасна и несигурна епоха, исто како што постоела уште од античките времиња, и дека поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата. Чувствувам блиско сродство и длабока почит за природата и историјата од кои оваа награда настанала. Не сум убеден дека зборовите што ги имам напишано навистина ја заслужуваат наградава, но не можам, а да не бидам исполнет со радост, радост која на мојава 90-годишна возраст одекнува со спонтана „joie de vivre“ или радоста на животот од моите детски денови. Ве молам простете што ви се обраќам само како глас, и прифатете ја мојата благодарност од дното на срцево – порача Таникава.

Своја благодарност за наградата изрази и синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, а обраќање имаше и директорот на фестивалот.

– Чувствувам голема благодарност што по две години вонредни околности, кои го погодија целиот свет, па и „Струшките вечери на поезијата“, оваа година имаме можност да го имаме со физичко присутство лауреатот од 2020 година, но и синот на Шунтаро Таникава. Се надевам дека годините со предизвици и глобални турбуленции се зад нас и дека ќе можеме да продложиме со вообичаените изданија на „Струшките вечери на поезијата“ – изјави директорот Тодорче Тасевски.

Израелскиот поет Амир Ор, пак, истакна дека се надева дека се гледа крајот на пандемијата, којашто го спречи да присуствува на „Струшките вечери на поезија“ во 2020 година кога беше прогласен за лауреат.

– Дозволете ми најпрвин да изразам благодарност за честа што ја добивам оваа преподобна награда за поезија, „Златниот венец“. Се чувствувам привилегиран и многу почестен што станав член на избрана група лауреати – претходници. Традицијава започна овде, во земја што ја сака и цени поезијата, во родниот град на браќата Миладиновци и на фестивалот каде започна оваа реномирана агора на поезијата. Ова несомнено е традиција што ја става Македонија на почесно столче во салата на културното значење и на Европа и на светот. Ништо слично не може да го надмине признанието кога во 2020 година бев прогласен за лауреат, признание дека моите дела се наградени преку ушите и срцата што ги заслужува поезијата. Згора на тоа, како Израелец, не можам да заборавам дека мојот народ, Евреите, дојдоа во земјава уште пред 1800 години и придонесоа за неа најдобро што можеа. Не можам да заборавам ниту дека нивната долга историја овде заврши во Втората светска војна, кога во 1943 година речиси сите Евреи од Скопје и Битола, мажи, жени и деца, беа депортирани во Треблинка и убиени во гасните комори. Сакам да го прогласам токму овој момент, посветен на просветлената страна на човечкиот живот, за уште една станица во обновата на нашата меѓусебна поврзаност – рече израелскиот поет.

Свеченото отворање на 61. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20:30 часот. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“.

На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на 24 поети од странство и 30-тина од државата.

Манифестацијата се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.

Публицитет.мк 

Посетеност: 69
Share
Previous Post

Денес им е роденден: Димитар Џундев

Next Post

СДСМ: покачувањето на цените на услугите на ЈП “Охридски комуналец” уште еден доказ за погрешното менаџирање на локалната со ЈП

Next Post
СДСМ: покачувањето на цените на услугите на ЈП “Охридски комуналец” уште еден доказ за погрешното менаџирање на локалната со ЈП

СДСМ: покачувањето на цените на услугите на ЈП "Охридски комуналец" уште еден доказ за погрешното менаџирање на локалната со ЈП

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 69

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk