• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на втората Школа за политики

октомври 9, 2022
in Тикер
Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на втората Школа за политики

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила „Билјана“ во Охрид, ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2022 година.

Школата се реализираше преку пет едукативни семинари во периодот од март до октомври 2022 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Годинава партиципираа 35 учесници на возраст од 21 до 35 години, избрани на јавен конкурс, врз основа на нивниот интерес за активно учество во општествениот живот, професионалните квалификации и стручните постигнувања.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази задоволство што и оваа, втора генерација, ја потврдува основната цел на Школата да даде придонес во изградбата на демократско, слободно и солидарно општество.

„Уште од првата генерација се одлучивме учесниците на Школата да бидат избирани низ транспарентен и компетитивен процес, врз основа на личните постигнувања и заслуги, но и со почитување на разноликоста на нашето општество. На тој начин имаме можност да ги избереме најквалитетните кандидати, но и да дадеме можност на младите од групите коишто, за жал, се уште важат за општествено маргинализирани. Токму соработката со нив не прави особено горди“, рече претседателот Пендаровски, посакувајќи им на учесниците и понатаму да бидат активни чинители во нашиот општествен живот.

Foto 10

Годинашните учесници имаа можност да ги унапредат своите знаења, во областа на демократскиот развој на политичкиот систем, функционирањето на правната држава, европската интеграција, регионалната соработка, младинските политики, социоекономскиот развој и економските политики во време на енергетска криза, членството во НАТО и безбедносните закани, како и политичката комуникација во време на дигиталната трансформација, дезинформациските кампањи и лажните вести, како и потребата за поголема транспарентност и внатрешна демократизација на институциите на власта.

„Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование е проект за образование и обука, но пред се платформа за општествен дијалог, кој во време на интензивни поделби и општествени конфликти е повеќе од потребен. Нејзината основна задача е да ги поврзе учесниците од различни општествени групи во потрагата кон вредности и политики кои обединуваат и поттикнуваат демократски и социоекономски развој на македонското општество”, истакна проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование.

На свеченоста во името на сите годинашни учесници се обрати Кристина Станковска, која ги сподели импресиите и стекнатите искуства за време на едукативните семинари.

Претходно, Школата за политики за 2022 година беше заокружена со одржувањето на петтиот модул, викендов во Струга.

На официјалното отворање на петтиот модул говореше Владимир Ѓорѓески, раководител на Регионалната канцеларија за младинска соработка (РЅЦО), по што следуваше панел дискусија на тема „Процеси на трансформација на конфликти во Западен Балкан. Помирување преку иницијативата на Берлинскиот процес и неговото влијание врз младите во регионот“, што ја водеше Алберт Хани, генерален секретар на РЅЦО.

На тема „Зошто е важно помирувањето и како значајно да се вклучат сите релевантни чинители во создавањето можности за младите – Фокус на естаблишментот на РЅЦО“ говореше Кренаре Гаши Красниќи, раководителка на локалната канцеларија на РЅЦО во Косово, додека на тема „Застапување на млади и значајно младинско учество“ говореше Марија Булат, раководителка на локалната канцеларија на РЅЦО во Србија.

На тема „Добри примери на значајно младинско учество“ своите искуства ги споделија Александра Јаковческа, претставничка на Суперсцхоолс, одобрен проект преку РЅЦО, Драган Атанасов, претставник на одобрен проект преку РЅЦО, Габриела Лескова, учесничка на програмата РОУТЕЊБ6 и Марјан Ицоски од НВО АРНО, проектен менаџер на проектот „РИСЕ“ одобрен преку РЅЦО.

Во рамки на петтиот модул на школата се одржа и панел дискусија на тема „Иднината на младинското учество и соработката на Западниот Балкан“, на која учествуваа Алберт Хани, генерален секретар на РЅЦО, Маријана Ангелова, генерален секретар на Национален Младински Сојуз на Македонија и Анелија Митрова, оперативен координатор во Младински Сојуз од Крушево.

На последниот ден од петтиот модул на школата говореше Драган Атанасов од Сојуз за младинска работа на тема „Развој на нови иновативни форми на младинско учество“, а се одржа и дискусија со експертите и гостите за регионална соработка и младинско учество.

Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт“, Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Фондацијата „Конрад Аденауер“, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондација за демократија на Вестминстер, Фондацијата „МК2025“ и Регионалната канцеларија за младинска соработка „РЅЦО“.

Публицитет.мк 

Посетеност: 134
Share
Previous Post

БИОМЕД ЛАБ – Охрид: Да се спречи дебелината кај децата

Next Post

Ковачевски: Со нов пакет мерки од над 350 милиони евра ги помагаме најранливите, никој нема да биде оставен сам во кризата

Next Post
Ковачевски: Со нов пакет мерки од над 350 милиони евра ги помагаме најранливите, никој нема да биде оставен сам во кризата

Ковачевски: Со нов пакет мерки од над 350 милиони евра ги помагаме најранливите, никој нема да биде оставен сам во кризата

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 134

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk