Охридскиот пливачки маратон веќе 33 години придонесува за промоција на пливањето и спортот во Северна Македонија. Маратонот е симбол обележје на Охрид, но и на целата земја и ја збогатува нашата туристичка понуда, напиша на својот феејсбук профил претседателот на Северна Македонија , Стево Пендаровски.
-Продолжувајќи ја тридецениската традиција и годинава како претседател го поддржав овој меѓународен натпревар.
Денеска во Охрид се сретнав и со семејството на Нико Нестор, основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец кој што го преплива Ла Манш.
Му честитам за победата на французинот Аксел Рејмонд, којшто во конкуренција од 14 натпреварувачи прв стигна до целта, како и на Алис Франко од Италија најбрза меѓу 8-те жени натпреварувачки.
Нашиот Евгениј стигна втор на целта, а неговиот медал од сега е во сигурни раце, кај неговата 9-месечна ќерка Емилија, додаде претседателот Пендаровски.
Фото и текст: Фејсбук профил – претседател Стево Пендаровски
Публицитет.мк