Народниот театар од Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“ им овозможуваат на граѓаните да ги следат нивните театарски проекти преку YouTube, бидејќи со мерките за заштита од корона вирусот, љубителите на театарот се оневозможени да уживаат во претставите.
-Почитувана публико, бидејќи овој период не можете да уживате во магијата на театарските претстави НУЦК Охрид/Народен Театар Охрид се тука за Вас на следниов линк:
https://www.youtube.com/watch?v=O3rESwKD73g на YouTube можете да ја гледате претставата “Балканска 3а /2” од Дејан Дуковски, режија Ана Батева во изведба на актерите на Народен Театар Охрид, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“.
Од оваа национална установа апелираат да се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот и да се остане дома.
Публицитет.мк