Утре 8 мај, напладне во Ну Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде претставено дел од творештвото на Елена Карамешиноска Ангелоска (1940-2017 ) по повод 1(една) година од нејзината смрт.
Роднокрајна авторка Карамешиноска Ангелоска покрај другите книги зад себе остави и 3(три) наслови наменети за најмладите читатели, кои претставуваат нејзин придонес во рамките на македонската литература за деца и млади.
За творештвото на Карамешиноска – Ангелеска се очекува да зборува писателот и поет Тоде Илиевски.
Во вторник на настанот на присутната публика ќе бидат поделени книги од нејзиното творештво – подарок од нејзиното потесно семејство, чии претставници ќе бидат присутни во библиотеката
Публицитет.мк