Во петок, 29 август 2016 година во Крушево, во рамките на саемот на книгата кој се одржува во Домот на културата „Наум Наумовски – Борче“ ќе биде претставена книгата „Јазичен триптихон“ од Славе Ѓорѓо Димоски. За книгата ќе зборува Никола Јовановски.
„Јазичен триптихон“ е во издание на ПНВ Публикации од Скопје и е носител на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга во 2015 година.
Пред извесно време во превод на српски јазик ја објави познатиот белградски издавач „Архипелаг“, а наскоро ќе се појави и на бугарски јазик во Софија.
Публицитет.мк