Пред неколку дена , како што е познато, почина композиторот Александар Сања Илиќ.Тој зад себе остави богат композиторски опус .Неговите композиции ги интерпретираа најпознатите пејачки имиња од некогашната Југославија .
Една од најпознатите песни по која ќе се памети секако е композицијата „Принцеза“ од 1984 година која ја испеа дуетот Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ.
Песната беше направена специјално за фестивалот „Југовизија“ на кој се избираше преставникот на Југославија на Песната на Евровизија .
На овој фестивал со свои песни учествуваа сите републики и покраини (односно телевизиски центри) на некогашната држава а победникот се избираше по принципот на Евровизиското гласање.
Во таа 1984 година , кога за прв пат беше изведена песната „ Принцеза“, фестивалот се одржа во Скопје во Универзалната сала.
Композицијата на Сања Илиќ ,за која текстот го напиша Дадо Топиќ а аранжманот Слободан Марковиќ ,беше преставник на Србија (ТВ Белград). Песната ја исполни дуетот Слаѓана Милошевиќ (која во 1981 година на истиот фестивал ги бранеше боите на Србија исто така со песна на Сања Илиќ)и Дадо Топиќ.
Жребката одучи Слаѓана и Дадо во Скопје да настапат под реден број 10 од вкупно 16 учесници. По гласањето, песната со освоените 38 поени го освои шестото место иако според многумина се работеше за прекрасна композиција и која во универзалната сала доби најголем аплауз.
Таа година (1984) победи песната „Чао аморе“ исполната од дуетот Владо Калембер и Изолда Баруџија на композиторот Ѓорѓе Новковиќ , како преставници на Црна Гора односно ТВ Титоград (Подгорица). Песната мошне брзо падна во заборав а на Песната на Евровизија која во 1984 година се одржа во Луксембург , каде беше преставник на Југославија,се пласира на дното од табелата.
Неколку недели по завршувањето на фестивалот продукцијата за грамофонски плочи ПГП РТБ го издаде макси синглот „ Принцеза“ кој таа година стана најпродавана грамофонска плоча а го понесе и насловот „Хит на годината“.жжж
Оваа композиција , како евергрин од југословенската поп музика и до ден денешен се наоѓа во самиот врв на најслушаните и најизведуваните песни од регионот.Освен тоа во многу избори и анкети , од сите композиции , таа најчесто е бирана како најдобра балада на сите времиња од овие простори.Песната доживеа и неколку верзии на повеќе странски јазици во повеќе земји во светот.
Во едно сеќавање, починатиот компзитор Сања Илиќ , рекол: „ Којзнае каде ќе ми беше крајот ако песната отидеше на „Евровизија“и продолжил :„по многу години ми дојде менаџерот на Клиф Ричард за песната да ја отпее тој. Но дозволата за тоа требаше да ја потпише и Дадо Топиќ. Го бркавме пет дена за да го стави потписот. После ми рече дека тој сакал да ја сними песната со некоја девојка од Париз.Тогаш сакав да го задавам.Не ми даде мојот хит да го отпее една светска ѕвезда бидејќи се заљубил во една девојка.“
Да се потсетиме дека Сања Илиќ и неговата „Балканика“ во 2004 година одржа извонреден концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Освен тоа во 2017 година фестивалот „Охрид фест“ му ја додели наградата за животно дело а една година подоцна со својата група „Балканика “ настапи како гостин во рамките на истиот фестивал по настапот на Песната на Евровизија.
Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк