Со фармацевтот м-р Благој Николов се запознавме на последната Меѓународна психијатриска конференција на која се дискутираше за стресот и анксиозните растројства низ различните животни фази.
Фармацевтот Николов работи за британската компанија „ HealthAid“ позната по производството на лекови на природна база вели дека тие делуваат на анксиозноста, но и на причинителот на нарушувањата. „Радува фактот дека младата популација во Македонија бара некој препарат кој ќе им го третира стресот психички и физички на природна база и не се потпираат на хемиските лекови, додека повозрасните уште им се верни и секој втор возрасен граѓанин е корисник и зависник на хемиски антидепресиви. Правени се анализи еве на пример на хемиски и хербален – природен лек наменет за надминување на проблемот со несоницата. Несаканите ефекти кај првите се поголеми,а кај природните се сведени на минимум“, предочува м-р Николов.
Публицитет.мк






