Корона-кризата со себе донесе проблеми кои до пред некоја недела веројатно ќе се сметаа за вести од друга планета. Во германски Бергхојштат жена е приведена поради тоалетна хартија!
Колку многу покажува примерот од Бергнојштат, каде 54-годишна жена, откако конечно нашла тоалетна хартија, сакала да купи повеќе пакувања. Од вработените и’ било укажано дека поради големата побарувачка, дозволено е купување на само едно пакување. Тоа толку многу ја разлутило што таа од протест не сакала да си замине и седнала на лентата на касата, со што ја спречувала натамошната работа.
Инцидентот отишол дотаму што морала да реагира и полицијата. Според полициското соопштение, службениците се обиделе да ја смират жената, но откако сите обиди завршиле попусто, морале со лисици на рацете да ја приведат во полициска станица. Во моментите кога и’ ставале лисици, таа пружала жесток отпор. „Врескаше, падна на подот, даваше отпор, по што мораше да биде носена до полициското возило“, соопшти полицијата.
Се разбира, кога жената излегла од полициска станица, дома си заминала без тоалетна хартија
Извор: www.dw.com