Обилните снежни врнежи во текот на изминатата ноќ и во текот на денов создадоа дополнителни проблеми. Снежната покривка на места е преку 50-60 цм, објави градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.
-Општинската механизација цел ден работеше на терен. Во доцните попладневни часови ги пробивме и патните правци до селата Врбјани, Годивје и Лактиње.
Пробиени се патните правци до сите села во Дебрца, освен селата Црвена Вода, Турје, Мраморец и Сошани. Прооден е Регионалниот патен правец Ботун-Лешани-Велмеј. Пробиени се голем дел од улиците во повеќе села. Продолжуваме утре и ако времето послужи се надеваме дека сите патни правци во општината ќе бидат проодни, соопшти Ногачески.
Публицитет,мк