Во рамки на GIZ LEIWW Програмата на Германското Министерство за Економска Соработка и Развој (BMZ), во тек е имплементација на проектот “Поттикнување на вработливост во туристичкиот сектор“.
Целна група на проектот се повратници од Германија и други земји-партнери, заинтересирани за враќање во нивната земја на потекло и млади невработени лица.
Проектот ќе се имплементира во избраните пилот региони: Преспа/Охрид – прекугранична област на Македониja и Албанија и Шара – прекугранична област на Македонија, Албанија и Косово.
Во рамки на проектот се нуди можност за вработување преку неформални програми за квалификација и обука, како и финансиска поддршка за започнување/проширување на мали бизниси.
Мерките се фокусирани на туристичкиот сектор, како потенцијален економски сектор, кој може да се спротивстави на социјалните и економски предизвици со кои се соочуваат руралните области во земјите од ЈИЕ.
Преку организираните обуки за:
– готвачи,
– пекари,
– професионални келнери,
– бармени и
– баристи,
ќе се зголемат шансите на обучените за вработување во туристичкиот сектор, а истовремено ќе се одговори на зголемената побарувачка на приватниот сектор од таргетираните региони за овие професии.
![22154310 1959973107609689 4146335484513494591 n](images/sliki_092017/sliki_najnovi_/22154310_1959973107609689_4146335484513494591_n.jpg)
Повеќе информации за проектот може да најдете на следниот линк: Програми за обука ГИЗ како и на ФБ страната
https://www.facebook.com/ employmenttourism каде се наоѓа и апликативниот формулар за пријавување на учество.
За дополнителни прашања, може да се обратите до:
Лилјана Ѓоргиевска 070 414 720; liljana.gjorgievska@giz.de;
Маја Георгиоска 070 384 835; m.georgioska@live.com
Публицитет.мк