• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 23, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тоа беа години

„Продавачка на темјанушки“ – Сарита Монтиел

ноември 28, 2018
in Тоа беа години
„Продавачка на темјанушки“ – Сарита Монтиел

Некаде таму во почетокот на седумдесетите  години од изминатиот век еден од најгледаните филмови на овие простори беше шпанскиот филм „ Продавачка на темјанушки“ ,една срцепарателна приказна која ,особено кај понежниот пол, беше причина да се навлажнат шамивчињата бришејќи ги солзите кои не можеа да ги сокријат  во темната киносала заради несреќната судбина  на Соледад и Фернандо чија љубовна приказна по многу перипетии на крајот завршува среќно.

Филмот обилува и со многу музички нумери кои ги исполнува ,во тие години, мошне популарната актерка и пејачка Сарита Монтиел. Една од нив ,насловната, „Продавачка на темјанушки“ и ден денес кај повозрасните предизвикува  воздишки. Кога ќе се слушне песната веднаш се помислува на ,тогаш, атрактивната актерка Сарита Монтиел чии филмови во тој период беа едни од најгледаните  .

Што се однесува до самата композиција „Продавачка на темјанушки“ (La Violetera)e напишана е во ритамот на хабанера од страна на композиторот Хозе Падиља на текстот напишан од Едуардо Монтесинос во далечната 1914 година.Инаку, на шпански La Violetera значи девојка или жена која продава темјанушки на улица.

Хозе Падиља песната ја создал за време на неговиот престој во Париз како директор на оркестарот на музичката сала “Казино де Париз”. Меѓутоа, премиерната изведба на песната се случила во  Барселона, во интерпретација на Кармен Флорес. Веднаш потоа  шпанската пејачка Ракел Мелер ја промовирала песната во француската и шпанската јавност, а подоцна и во целиот свет.

Еден од најголемите промотори на оваа песна секако е веќе спомената  Сарита Монтиел . Оваа композиција доживеа голем број на вокални и оркестарски изведби.Така оваа композиција меѓу другите на свој начин ја интерпретираа и неодамна починатата оперска певица Монсерат Кабаје, Далида, Џиљоља Чинквети,Нана Мускури, Кони Френсис и многу други.

Интересно е да се спомене и тоа дека оваа композициа честопати е користена во многу филмски остварувања: Така освен во филмот „ Продавачка на темјанушки“ ,таа како лајтмотив е искористена и во еден од најдобрите филмови на големиот Чарли Чаплин „ Светлините на градот“ во 1931 година, потоа во филмот „ Сите долги ноќи“од 1981 година со Барбара Стрејсенд и Џин Хекман, па во филмот „Мирисот на жената “ во 1982 година со Ал Пачино во главната улога за која го освои Оскарот за најдобра улога како и во филмот на режисерот Вон Кар Ваи „ Расположени за љубов“ од 2000 година.

Во 1926 композиторот Анселмо Аиета  напишал танго на текстови од Франциско Гарсија Хименес, каде што рефренот е директно поврзан со темата на Ла Виолетера.Оваа танго верзија најмногу е искористена во изведбите на големите оркестри како инструментална верзија.

За популарноста на оваа композиција говори податокот дека во 1991 година во Мадрид беше откриена статуа на продавачка на цвеќиња, под наслов “Ла Виолетера”, од скулпторот Сантијаго де Сантијаго а во чест на композиторот Хозе Падиља.

И се разбира , потсетување на оваа незаборавна композиција во изведба на Сарита Монтиел.

 

Пишува: Ѓоко Симјаноски, Публицитет.мк 

Посетеност: 128
Share
Previous Post

Трибина: “Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”

Next Post

Втора компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети”

Next Post
Втора компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети”

Втора компонента од проектот „Зајакнување на општинските совети”

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 128

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk