Бесрамноста и арогантноста кај една клика во опозицијата очигледно непознава граници.
Додека вашиот лидер талка по светот, барајќи меѓународна интервенција за да дојде на власт, бара совети од белосветски измамници и платеници со цел да се извади од правната и политичка кал во која длабоко е заглавен, се фали дека Господ го црпнал од нива за да ја „среди“државата, дава изјави – па сам се демантира, се слика со терористи и нивни јатаци, ја срами Македонија на секој чекор во светот, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски има само еден приоритет – народот на Македонија.
Десетици странски инвестиции кои се реализирани и уште многу кои се во завршна фаза, стотици и стотици средби и разговори со најмоќните државници во светот, нека се лекција за Зоран Заев како се работи и се претставува државата во странство.
Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се деноноќно со народот, се прибираат идеи, се согледуваат проблемите и секогаш сме тука за да им помогнеме на луѓето. ВМРО ДПМНЕ, Владата и оваа Локална самоуправа знаат да се грижат за граѓаните на Охрид и Македонија. За тоа од Вас совет ни малку не ни треба.
Вчера Охриѓани излегоа и дојдоа на трибината на ВМРО ДПМНЕ во огромен број за да ги дадат нивните замисли и очи в очи да поразговараат со пратениците и функционерите.Воопшто не не зачудува фактот дека ви смета присуството на пратениците Антонио Милошоски и Илија Димовски. Тие беа едни од оние што го поддржаа Законот за Охрид и го спречија вашето урбано дивеење во градот.Ако му посакувавте добро на Охрид и Охриѓани досега ќе бевте на терен и помеѓу луѓето.А таму ве чека реалноста, која за Вас е многу сурова. Охрид е едно големо градилиште. Автопат Кичево – Охрид, проект кој набрзо ќе биде зголемен, затворен пливачки базен, нова и обнова на пропаднатата инфраструктура на градот, две странски инвестиции за Охрид со 2500 вработувања, припрема на терен и документација за изградба на затворен градски пазар, автобуска станица, градска марина, пешачка патека на кејот на езерото, нови плажи, директни летови од и до охридскиот аеродром што ќе ја зголемат понудата за туристите, како и десетици други проекти кои се во програмата на Локалната самоуправа и Владата.
Што ли само ќе се направеше ако господата од бесрамната клика на СДСМ беа чесни и него опустошеа градот. Каде ќе беше сега Охрид ако не требаше да ги враќа вашите безобразни преку 50 милиони евра долгови и камати на долгови од кои граѓаните не видоа буквално ништо! Срамно е тоа господа, а уште посрамно е што истите Вие што го уништивте градот повторно ја барате довербата на Охриѓани.
Народот е со ВМРО ДПМНЕ затоа што ние сме покажале како треба да се работи во интересите и на Охрид и Охриѓани, а и за интересите на сите граѓани на Македонија.Штандовите за идеи на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се полни со илјадници нови идеи и предлози. Програмата која се спрема ќе биде една од најобемните и највредните досега, затоа што е напишана од народот и за народот. Вашиот обид за програма не заслужува ни да го коментираме .Како и на претходните избори граѓаните ќе ви покажат колку ве поддржуваат Вас ивашата визија за Македонија.
Ви се спрема најголемиот изборен пораз кој ќе ви го испорача народот и ВМРО ДПМНЕ на 24 Април.
Општински Комитет ВМРО – ДПМНЕ – Охрид