Утре во Охрид со потпишување на Меморандум за соработка ќе биде промовиран и официјализиран проектот: „МАТЕматика3Мк“. Бесплатна онлајн настава по математика за Трето одделение.
Носители на проектот се: Лајонс клуб „Охрид“ , Дистрикт 132 МАКЕДОНИЈА и Образовен центар ПИСИ Охрид.
Проектот веќе се спроведува два пати неделно по 30 минути и сите часови онлајн ги следат ученици во трето одделение од цела држава.
Деталите за Проектот ќе можете да ги добиете утре од 16 часот во просториите на ПИ СИ од др. Ертан Омероглу, претседател на Лајонс клубот „Охрид“, Марјан Талев, гувернерот на Дистрикт 132 МАКЕДОНИЈА и м-р Ангел Јанев, координатор.
Публицитет.мк