Преку текст, фотографии и видео ќе ве запознаеме со успешниот проект НОЌ СО АНДЕРСЕН – интересен за ученците и предизвик за наставниците.
ОУ,,Братство – Единство“ во периодот од месец ноември до април минатата година се вклучи во реализација на интернационалниот проект,,Ноќ со Ханс Христијан Андерсен,,преку свои оригинални и креативни активности, сознајни, творечки,интерактивни работилници,презентации,натпревари во изразно читање,драмско читање,изработка на маски за драмска претстава, изработка на книга на паралелката , кроење облека за омилените ликови , цртање на бајково дрво , драмска претстава, следење анимирани,цртани филмови, јазични вежби,употреба на англиски јазик низ интегрирани активности и уште безброј разновидни активности.
Најинтересната и најоригиналната активност која предизвика огромен интерес и возбуда кај учениците беше организираниот маскенбал со ликови од бајките на Андерсен преку кој се чествуваше роденденот на познатиот светски бајкописец . Во активностите учествуваа ученици од трите наставни јазици а најзабавниот момент беше заедничкото дружење во текот на целата ноќ,читање бајки за добра ноќ и патување во светот на детските сништа .
Наставниците реализатори на различни активности : Јулиана Алексиоска , Ангела Јорданоска , Мирјана Карамешиноска, Фахрие Реџеп , дефектологот Наташа Илоска, психологот Стојна Танос, Пана Димовска, Наташа Балева, Елизабета Здравеска, Наде Буџакоска, Ленче Стефаноска , Зоре Дуноска, Лејла Реџепова Мерсин, Елена Стојаноска , Весна Плевнароска , Љубинка Михајловска и Емира Сулејманоска кои со посебен ентузијазам и посветеност заедно со своите ученици запловија во светот на бајките како и поддршката од Црвениот Крст во обезбедување пријатни услови за преноќување придонесоа за успешна реализација на овој проект .
Успешно реализираниот проект го потврдија и организаторите на проектот кои го закитија училиштето со награда.Освоената меѓународна награда со сертификација на сите наставници кои учествуваа во реализацијата на проектот како и организирано студиско патување во Словачка во селото од бајките Хабакуки за координаторите на овој проект.
Патувањето донесе прекрасно поминати моменти, презентација на дел од активностите од проектот , споделување и размена на искуства , сознанија и информации за тамошниот училиштен систем како и мотивација на наставниците за идни креативни и иновативни проекти.
Координатор: Јулиана Алексиоска
ПРОЕКТ„Ноќ со Андерсен“- ОУ „Кочо Рацин“- Охрид
Времетраење од ноември 2016 до 02 април 2017.
Интернационален проект од Министерство за култура на Чешка и Министерство за култура на Словачка.Oрганизатори за Балканскиот регион Весе Весела Богдановиќ,Ана Хркова и Зузана Путник.
Цел на проектот:запознавање со голем број бајки,поттикнување желба и интерес за читање,унапредување вештини за читање,користење и селекција на достапни ресурси на оригинален забавен начин.
OУ-Кочо Рацин-Охрид
Како течеа активностите:
-Запознавање со животот и делото на Х.К.Андерсен-презентација,Виолета Петковска.
-Презентација за Андерсен и неговите бајки-Билјана Каланоска.
-Во училницата на наставничката Весна Карадакоска,активности во рамки на проектот,интегрирани содржини моја бајка,мој цртеж.
-Творечки,креативни техники со изработка на илустрирани омилени ликови и читање Андерсонова бајка„Девојчето со кибритчиња“-реализатор Љубица Чифлигароска.
-Во „Светот на бајките“-креативни активности-реализатор Милена Танеска.
-Читање во пар,омилена бајка„Девојчето со кобритчиња“-реализатор Мени Алексиеска.
-Како изразно ја читам бајката?-реализатор Виолета Петковска.
-Читаме заедно,читаш ти,читам јас-реализатор Елизабета Наумовска.
-Креативно,сознајни,творечки активности реализатор Славица Котеска,гледање цртан филм„Царево ново руво“ИКТ,следење анимирани омилени ликови,секундарна боја виолетова-Кроиме облека за царот-Јас кројам облека за царот-моден креатор.
-Како звучат бајките од Андерсен на англиски јазик,комбинираме,интегрираме,цртаме,глумиме-реализатор Марија Симиџиоска Стојаноска.
-Првачињата и нивната наставничка Снежана Атанасоска цртаа на тема-Сакам да цртам ликови од бајките од Андерсен.
-Посета на градска библиотека-Натпревар во изразно читање,погоди ја бајката во присуство на директорката Александра Белеска и писателот Мирко Томовски-реализатор Виолета Петковска.
-Креативна активност на час по англиски јазик-Изработуваме мени за омилени ликови од бајките-Што им препорачувам?-реализатор Елизабета Митрушеска.
-Доврши ја бајката,измисли убав крај-реализтор Виолета Петковска.
-Драматизација по улоги и препознавање на граматичка структура во бајките Fairy Tales-Science Fiction-imagination and fantasy.-реализатор Лидија Јефтовиќ.
-Изработка на разгледница со придавки на германски јазик од бајката„Грдото пајче-Учиме,откриваме,запишуваме придавки-Das hassliche Entiein-реализатор Ивана Маховска Шикалеска.
-Подготовка на драмска претстава-Грдо пајче во модерен стил-за завршната вечер-реализатор Ивана Рилкова Томеска.
-Едно поинакво читање на бајките од Андерсен-учениците зборуваа за перцепцијата на детето и тинејџерот,разграничување на реалистичен,наративен код и фанатазија-реализатор Наташа Неданоска.
-Првачињата и нивната наставничка Анкица Цуцулоска влегоа во прозорецот на бајките.
-Омилен дел од Андерсеновите бајки-цитам јас,читаш ти-релизатор Виолета Петковска.
-Примена на истражувачки техники при обработка на бајката„Грдо пајче“во прво одделение -реализатор Светлана Жилеска.
-На часот по германски јазик-Пишуваме текст-Ende gut,alles gut со ИКТ-реализатор Билјана Марковиќ.
-Анализа на омилена бајка,илустрирање мотив поттикнат од слушање бајковна музика-реализатор Лидија Колева Сметеноска,
-Изработка на маски за завршната драмска претстава-Грдо пајче во модерен стил-реализатор Јулија Крстева.
-Активност-Бајките во нашата училница-реализатор Катерина Ристеска.
-Кукли од рециклирана амбалажа со омилените ликови од бајките-реализатор Виолета Петковска.
Завршни активности:
-Презентација како течеа активностите од ноември до 02 април 2017,
-Прозорец на нашите бајки,
-Роденденски пораки,
-Драмска претстава-Грдо пајче во модерен стил,
-Бајки за добра нок.
Реализатори Виолета Петковска,Ивана Рилкова Томоска,Наташа Неданоска.
На крај се засади дрво на бајките во Подрачното училиште.
На Меѓународниот филмски фестивал„КРЕФ“ во Лесковац,проектот се закити со второ место за успешна реализација на разновидните активности.
Подготвила:Виолета Петковска-координатор