Проф. д-р Ивица Милевски од ПМФ во Скопје со стручни и смирувачки информации околу вечершаните земјотрес. Тој на личниот фејсбук профил напиша:
Според податоците од EMSC, магнитуда од 5,5M на длабочина од 10 км, во северна Грција, на границата со Македонија, помеѓу Битола и Лерин (нешто посилен од оној во Скопје во 2016 со 5,3М, кој пак беше многу поплиток). Веројатно поврзан со големиот расед во источното подножје на Пелистер-Баба, односно по западната рамка на Пелагонија. По главниот, регистрирани уште неколку силни земјотреси од 4-5М. Главниот почуствуван низ цела Македонија, северна Грција, јужна Албанија. Секако, за очекување се повеќе секундарни земјотреси во следните часови и денови, но со послаба магнитуда и интензитет, напиша д-р Милевски.
Публицитет.мк