
Во рамките на Еразмус програмата 10 ученици и еден ментор од средното училиште „Св.Наум Охридски“ и од Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“од Охрид и физиотерапевти од Македонија во почетокот на март пет дена престојуваа во Рим, Италија.
Сузана Наумоска од „Изда Спа“ и едукатор во дуално образование и практичен обучувач на ученици во охридското средно училиште „Св. Наум Охридски“ соопшти дека Италијанците се веќе во возвратна посета на Охрид. Делегација од 18 луѓе од завчера до 28 март ќе биде во градов.


Вчера беа во посета на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ а заеднички со нивните пријатели од Охрид работеа во фризерско – козметичките студија: „Изида Спа“, „Младен“, „Лејла“ и „Винстил“.

Разубавуваа пацинети со онколошки проблеми како и со родители чии деца се со посебни потреби.


Најавена е посета и на општина Охрид а гостите од Рим се воодушевени од Охрид и со наплив на емоциии уверуваат дека дружбите и соработката ќе продолжат. За тоа најдобро сведочат фотографиите.



Публицитет.мк







