Пролетта прикажаан во сликите на многу уметници од Русија.

KONSTANTIN YON
Русија е огромна северна земја каде што многу луѓе во текот на зимата не одат никаде. Првиот месец од пролетта, март, во Русија често како што е прикажано на оваа слика е со наноси на снег и сонце кое ѕирка низ облаците за првпат по долгата зима. // Мартовско сонце, 1915 Јуон.
KONSTANTIN YUON
Ова може да биде типичен пролетен ден во Русија – помалку снежни наноси, но децата се уште си играат по ридовите со снег. Почетокот на март обично е време на Масленица или Пклади, кога зимата ќе си замине набргу. // Пролетен сончев ден, 1910 година, Константин Јуон.
IVAN WELZ
Пролетта во Санкт Петербург во 19 век често доаѓала со поплавите. Градот бил изграден во мочурлива област, во заливот на Финска, на устието на реката Нева. Во текот на својата 300 годишна историја, според различни извори, околу 300 поплави се забележани во Санкт Петербург. // Пролет во близина на Санкт Петербург, 1896 година, Иван Велц.
ALEKSEI SAVRASOV
„Полските врани пристигнаа“ (1871) е позната слика на рускиот уметник Алексеј Саврашов. Тој најпрво го скицирал селото Молвитино во близина на Кастрома (340 километри од Москва). Оваа слика е типичен рано пролетен ден надополнет со црквата Воскресение која преживеа до денешен ден.
SERGEI VINOGRADOV
Уметникот Сергеј Виноградов сликал претежно на декоративен отворен просторот. Неговата силна страна е отворената природа со природна светлина. // Доаѓа пролетта, 1911 година, Сергеј Виноградов.
ISAAK LEVITAN
Левитан често го работел мотивот на будењето на природата. Тој особено ги сакал пролетните пејзажи од северна Русија. Светлото сонце и летната топлина се уште се чекаат да пристигнат, но реките што се топат се ослободуваат од мразот. // Почетокот на пролетта, 1899 година, Исак Левитан.
NIKOLAI BOGDANOV-BELSKI
Животот на уметникот Богданов – Белски, авторот на оваа слика, е целосно противречен. Тој бил син на најмен селански работник, но сепак студирал на Кралската академија на науките на Илја Репин, познатиот руски уметник. Богданов – Белски доби извонредно образовани, но никогаш не го изгуби допирот со природата и често се одметнуваше во селата. Негова тема се едноставниот руски живот и руралните пејзажи. / Стопена вода, 1933 година, Николаи Богданов – Белски.
ISAAK LEVITAN
Уште една слика од Исак Левитан посветена на пролетта. На руски буквално се вика „Пролет – Голема вода“, а се опишува моментот кога водата истекува и поплавува се наоколу. / Високи пролетни води, 1987 година, Исак Левитан.
KUZMA PETROV-VODKIN
За Петров – Водкин ова претставува невообичаен поглед на пролетта. Уметникот ја отсликува пролетта со веќе зелен пејзаж. Во подоцнежните години тој се оддалечува од апстрактното сликарство и се обидува да ги изрази своите мисли преку слики на обични луѓе кои се херои во неговите слики. / Пролет 1935 година, Кузма Петров – Водкин.
BORIS KUSTODIEV
Во оваа слика на Кустодиев темата е пролетта, а се гледа чувство на леснотија. Тој се обидува да пренесе чувство на слобода – на радост на движење и дишење кога доаѓа пролетта. / Пролет 1921 година, Борис Кустодиев.
ALEKSEI VENETSIANOV
Венециантов често слика селани и работници. Во оваа слика Русинката со плугот и целиот околен пејзаж се чини дека го поздравува доаѓањето на пролетта. / Во пролетните полиња, Алексеј Венециантов.
KONSTANTIN KOROVIN
За време на револуцијата од 1917 година, ги исфрли од своето студио платната и боите. Константин Коровинин беше во состојба на стрес. Откако се пресели од Москва во Островно на бреговите на езерото Удомлија тој почнал да слика на минијатури. / Лето 1917 година, Констатнин Коровин.
STANISLAV ZHUKOVSKI
Станислав Жуковски пораснал на семејниот имот кој го загуби по смртта на неговиот татко поради неплатени долгови. Тој се пресели во Москва и продолжи да слика. Во оваа слика пролетта е претставена од на маса за прослава на Велигден. / Почетокот на пролетта, 1902 година, Станислав Жуковски.
IVAN KULIKOV
Портрет на непозната девојка насликана од Иван Куликов во 1912 година. Тој штотуку дипломирал на академијата и произвел неколку портрети и пејзажи во тоа време. Во пресрет на Првата светска војна патувал низ напуштени семејства и направил многу слики. / Пролет 1912 година, Иван Куликов.
Правата на материјалите ѝ припаѓаат на редакцијата на ФДБП „Росијскаја газета“
Извор:www. mk.rbth.com