Особена чест и задоволство ни преставува да објавивме ПРОМО Видео за Архивот на градот Охрид. Самото видео е изготвено со цел подигнување на свеста кај сите нас за она што значи културно историско пишано наследство како и пропагирање на архивското работење во целост, вели Никола Митровиќ Бабе в.д директор на Историскиот Архив во Охрид.
-На некој начин преку самото видео архивот само на кратко искажува дел од свите фондови и принципи на работа. Се надеваме дека преку уметничкиот пристап на снимателот Борче Димоски и Дигиталбоџ студио и прекрасната музика на Дуке Бојадџиев го доближивме архивот на град Охрид до сите вас. И во оваа прилика најдлабоко им се заблагодаруваме.
Сепак ова видео сакаме да потенцираме дека го посветуваме и на големиот Видое Видически основачот на охридскиот архив и архивската дејност како и на Георги Константиновски човекот кој ја дизајнира зградата на Охридскиот архив. СЛАВА ИМ, вели в.д директорот на Архивот Никола Митровиќ Бабе.
Публицитет.мк