Музичкиот проект/албум „Песни на Вевчанската душа“ е производ на повеќегогодишно теренско и творечко истражување на Марјан Јанкоски во Вевчани…
Во ЦД-то се сместени десет вокално-инструментални композиции, испеани, мелографирани и аранжирани за голем камерен оркестар од страна на Марјан Јанкоски, идеен творец на целиот проект.
Марјан Јанкоски во моментот работи како професор на Музичката академија при УГД Штип и предава на модулот за народни инструменти. Целта на овој музички проект беше потребата за создавање на автентична музичка препознатливост и самоидентификација на Вевчанскиот крај.
Главни карактеристики кои го одликуваат овој музички проект се: посебност на пеаната мелодија типична за Вевчанскиот крај со оригинална нагласеност на вевчанскиот акцент и говор, ритамот и истакнувањето на авторскиот пристап и музичката разработка како главна карактеристика и посебност на ова музичко дело.
Учесници во проектот се членовите на музичкиот состав „Портал“ (оформен од страна на Марјан Јанкоски во 2002 година) кој е составен исклучиво од професионални музичари: Марјан Јанкоски – вокал, кавал, гајда, хармоника Ангеле Михајловски – пијано, Сашко Петрев – тамбура, Иле Колев – кларинет, Елена Владимирова – виолина, Драгана Трифуновиќ – виолина, Златко Панов – виола, Стојанче наумовски – виолончело. Гости: Ратко Даутовски – ударни инструменти и Лазар Митев – хорна.
Промоцијата ќе се одржи во четврток, 17-ти септември, во 19 часот во Југотон (ГТЦ)
Извор: cooltura.mk