• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Промоција на „Скопје ти раскинуем“ од Тамара Јолевска -Попов

март 28, 2019
in Во потрага по трајната убавина
Промоција на „Скопје ти раскинуем“ од Тамара Јолевска -Попов

Од печат излезе втората збирка раскази на Тамара Јолевска -Попов насловена според истоимениот расказ „Скопје, ти раскинуем“. Книгата е во издание на ПНВ Публикации од Скопје.

Промоцијата ќе се случи на 3 април од 20 часот во Кино Фросина. Промотори ќе бидат:  Душко Крстевски, Ѓоко Здравески и Деспина Мукоска, извадоци ќе чита Томе Станковски, а како ди-џеј ќе гостува и Ненад Стефаноски.

За книгата рекоа:

Овие прозни записи се одлична закуска додека се возите во автобус, додека мечтаете на плажа, додека го пиете попладневното кафе дома или пивото во градскиот парк, додека децата се на најблиските лулашки. Со кратко читање на овие микрораскази и подолго размислување за нив, оваа книга е совршена џебна енциклопедија на љубовта, урбаната егзистенција, стравовите, кошмарите и созерцанијата. Со оваа книга Тамара дефинитвно „раскинуе“ со Скопје, но не и со нејзините читатели.

Душко Крстевски

„Скопје, ти раскинуем“ му ја препорачувам на храбриот, урбан женски читател, кој има „муда од лабуда“ да ја заврти вековната, генетска, ментална завртка и подготвен е да разбере дека мааните кај љубениот ги забележуваме само тогаш кога престануваме да сакаме и почнуваме вистински да љубиме. Машкиот читател, но само оној со високо ниво на тестостерон и бестрашен ум за размисла (се плашам – ретка публика), ќе ја разбере Тамара „од прва“.

Деспина Мукоска

Тамара Јолевска Попов е родена на 30 март 1987 година во Скопје. Средното образование го завршува во уметничкиот колеџ „Бромсгроув“ во Бирмингем, Велика Британија. Дипломирала англиски и шпански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала англиски јазик на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје. Долги години е присутна и на независната уметничка сцена.

Автор е на збирката раскази „Ге-дур“ (2013, ИЛИ-ИЛИ). Автор е и на неколку необјавени драмски текстови.

Работела како уредник во издавачки куќи, професор по англиски јазик во приватни училишта во Скопје, а во моментов е лектор на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

 tamara

Слоумоушн

Кога ќе влезеш во просторијата, музиката со­пира и филтерот се гаси.

– Слоумоушнот е за аматери. – знаеш да ми кажеш. Знаеш дека тоа ме нервира, ама сепак, тоа е вистината. Јас и ти сме одеднаш потешки и како незграпно да ги мавтаме рацете во прос­торија со фин порцелан. Ништо не се крши, ама се тресе и се заканува да се распрсне на атоми. Еве, на пример, оној стар сет за чај. Сакаш да знаеш како знам дека е за чај? Едноставно! Има дополнително мало чајниче за млеко и уште еден низок недефиниран дел за чување коцки шеќер. Така сите би биле задоволни: црн чај, црн чај со шеќер, црн чај со млеко, англиски чај.

Со тебе ќе доживеам сообраќајка. Фронтален судар со друго возило, со тебе. Носот на нашата кола ќе страда, сплескан, непрепознатлив, а ти сѐ уште ме држиш за левата дланка. Возиш, па другата не можеш да ми ја досегнеш. Се потат дланките, но не се одвојуваат една од друга. Ве­чер, кога ќе се сместиме секој на својата страна и во својата дупка од креветот, пак ќе се допрат дланките, истите оние од сообраќајката, затоа што спиеме исто како во кола, ти на возачко, а јас на совозачко седиште. А дланките се твојата дес­на и мојата лева. Стисни ја силно, гушни ја, нека се испоти и прекрши од болка. Добра ноќ!

Публицитет.мк 

Посетеност: 89
Share
Previous Post

Се одржа 16. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европска Унија

Next Post

Охридските акцијаши ќе го одбележат Денот на младинските работни акции

Next Post
Охридските акцијаши ќе го одбележат Денот на младинските работни акции

Охридските акцијаши ќе го одбележат Денот на младинските работни акции

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 89

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk