Во рамките на Меѓународниот саем на книгата во Белград во сабота ќе биде промовирана книгата „Јазичен триптихон“ од Славе Ѓорѓо Димоски, во превод на Душко Новаковиќ.
Промоцијата ќе се одржи во Хала Арена 1 во 14 часот, а за книгата ќе зборуваат Душко Новаковиќ и Гојко Божовиќ. Потоа, од 15 до 17 часот ќе има разговор со авторот и потпишување примероци од книгата на штандот на „Архипелаг“.
Јазичен триптихон“ минатата година ја доби наградата „Ацо Шопов“, а наскоро ќе биде објавено и нејзиното бугарско и италијанско издание.
Инаку оваа е четвртата книга на Димоски препеана на српски јазик. Претходно своите српски изданија ги имаа уште и неговите книги „Мерач на зборовите“ (Мерач речи), „Поле. Бојно поле?“ (Поље. Бојно поље?) и „Блиска врска“ (Блиска веза).
Публицитет.мк