• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Промоција на стихозбирката „Сон, јаве или привид“ од Зоран Јакимоски

април 9, 2022
in Тикер
Промоција на стихозбирката „Сон, јаве или привид“ од Зоран Јакимоски

Стихозбирката „Сон, јаве или привид“ од Зоран Јакимоски низ разговор со авторот ќе ја претстави Јулијана Величковска.
 
„Вербата во доброто на зборот, во поезијата, во љубовта, во комуникацијата со другите преку мисла и емоција, во свесноста дека ’времето се разминува самото со себе низ нас‘ во песните на Јакимоски достигнува филозофска димензија. Песните од поетската збирка ’Сон, јаве или привид‘ го поставуваат човековото постоење на три рамништа: сонот, јавето и привидот, опфаќајќи ги и несвесното, но и длабоко свесното, илузорното и реалистичкото во човечкото битие.“ ‒ Лидија Димковска
 
„Книгата ’Сон, јаве или привид‘ е компонирана со извонреден усет за балансираност на доминантните лирски мотиви што поетот, преку еден интуитивен наплив, ги нуди во изобилие. Често, меланхолично емотивен и носталгично настроен, апострофира една состојба на творечки немир што допира и до најсуптилните духовни мрежи.“ ‒ Славе Ѓорѓо Димоски
 
Изданието е поддржано од Министерството за култура.
 
ЗОРАН ЈАКИМОСКИ е роден на 1.11.1968 г. во Велестово, Охрид. Автор е на стихозбирките: „Граматика на поривот“ (1994), „Совршен молк“ (2001), „Зборот неизречен“ (2004), „Влажна месечина“ (2010), „Морето се мурти“ (2010), „Ништо не е недостижно“ (2014), „Задачите се зададени“ (2017), „Официјални документи за нас“ (2017) и уште: „Без изговори“ (избор песни, 2020) и „Побуди и белешки“ (критичко-есеистичка, 2021).
Негови песни се преведени речиси на сите балкански јазици, но и на: англиски, полски, украински и др. Самиот има препејувано од хрватски, српски и бугарски на македонски. Добитник е на повеќе награди, од кои најзначајни се: наградата „Млада Струга“ (1995) и „Јован Котески“ (2017). Застапуван е во повеќе избори и антологии објавени во Македонија и во странство. Член е на ДПМ од 2012 г.
 
Промоцијата е денеска сабота од 18 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид. 
 
Настанот ќе биде организиран според актуелните препораки на Владата и Министерството за здравство за заштита од ковид. 
 
Публицитет.мк 
Посетеност: 109
Share
Previous Post

Вратени исчезнатите бележници на Дарвин

Next Post

Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза

Next Post
Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза

Ковачевски-Мицотакис: Економските релации меѓу двете земи зајакнуваат и во време на криза

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 109

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk