Во скопскиот клуб „Менада“ вечерва беше промовиран деби албумот „Батанија“ на Крсте Роџевски, кој излезе на први септември во САД, а својата лајв-промоција ја доживеа неколку дена подоцна во култниот њујоршки клуб Joe’s Pub.
Албумот е снимен во текот на јануари во бруклинското студио Bunker. „Батанија“, во целосно авторство на Роџевски, кој се јавува и како гитарист и се разбира пејач, придружен од некои од највозбудливите музичари на њујоршката џез и импро сцена: Мери Халвoрсон (електрична гитара), Кирк Кнафке (труба), Мајкл Бланко (контрабас) и Тома Фуџивара (тапани).
На скопската промоција, промовирана од познатиот ПР и диџеј Костадин Шурбановски- Шурбе, дојдоа голем број музичари, новинари и навистина бројни почитувачи, кои можеа албумот да го набават на Цд или на Плоча.
Крсте е роден и израснат во Битола, тој од 1998 година живее и работи во Њујорк, каде работи како успешен психијатар и е прогласен за најдобар туристички водич. Публиката го запозна преку соработката и концертите на Дуке Бојаџиев, кои оваа година направија вистински бум во Македонија.
На насловната страна од албумот има фотографија од баба му, која кога заминувал за Америка му дала ткаена батанија (килим), па така е насловен и самиот албум. Албумот, кој навистина пленува со својата медитативност преточена во мелодиите и пред се во гласот на Роџевски, е издаден за Much Prefer Records на компакт-диск и винил, содржи десет авторски композиции отпеани на македонски јазик:
01. Батанија (4:13)
02. Кадифе (3:47)03.
03.Санта Тереза (3:42)
04. Мадона (5:27)
05. Креденец (4:37)
06. Ни ќар ни зијан (5:13)
07. Битола (4:37)
08. Крк Кардаш (3:05)
09. Дијазепам (4:08)
10. Тезга (4:04)
За „Публицитет.мк“ Валентина Горѓиевска