Утре, од 19:00 часот во кафѐ и бар „Шила“ во рамки на алтернативното културно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид“ ќе се одржи промоција на збирката раскази „Неми филмови“ на Димитар Димоски и поетската вечер „Имам нешто да ти кажам“ поетско читање од аматери-вљубеници во пишанот збор.
Програмата за овој настан:
– 19:00 – Промоција на збирката „Неми филмови“ на Димитар Димоски
*промотор: Јордан Коцевски
– 20:00 – Музичка точка на Мартин Милески
– 20:30 – Поетско читање
Сите ќе бидат дополнително известени во врска со творбите што ќе треба да ги припремат, а бројот на учесници е ограничен на 10.
За посетителите на настанот:
– мора однапред да се резервира место на 078 413 946.
Да се почитуваат следните мерки кои важат и за учесниците на натпреварот:
– Задолжително носење заштитна маска (Влезот нема да биде дозволен без заштитна маска)
– Задолжителна дезинфекција при влез и излез
– Задолжително мерење температура на влез
Претстојниот настан е уште еден во низата квалитетни културни вечери организирани во „Шила“ – концептуален бар и кафѐ кој се истакнува како алтернативна арт-сцена во Охрид. „Ги охрабруваме креативците од сите сфери да нѐ контактираат во врска со промоција на нивниот труд. Отворени сме за соработка и споделување на уметноста во секоја нејзина форма“– порачуваат од менаџерскот тим.
Публицитет.мк